И покрај се, јас сум среќна!

„Среќата не е станица на која пристигнуваш, туку начин на кој патуваш“ – Маргарет Ли Рунбек

Живот знае како да ти внесе хаос токму во моментт кога мислиш дека конечно можеш да земеш здив. Може да те уништи и да направи да ја преиспитуваш секоја ситница. Но, може и да те искачи на врвови кои не си ни можел да ги замислиш.

И тоа е она на кое јас се фокусирам.

Без оглед на тоа колку пати светот видел како плачам и како сум падната на земја, јас повеќе не сум несреќна. Откако поминав долго време заробена во мрачни тунели, јас сега можам да ја видам светлината.

И иако не сум целосно излезена од тој тунел, можам да ја видам светлината како сјае посилно од се што имам видено досега. Ми помага да верувам дека сосема ќе се извлечам.

Јас сум среќна затоа што сфатив дека мојата среќа зависи од мене. Јас одбирам да бидам среќна, затоа што повеќе не сакам работите кои не можам да ги контролирам да контролираат како се чувствувам.

Сфатив дека не е работа на другите луѓе да ме прават среќна. И без оглед на тоа колку е лоша моменталната ситуација, таа ќе помине и јас треба да одлучам како ќе се чувствувам потоа.

Јас сум среќна затоа што имам се што ми е потребно. Имам прекрасно семејство и пријатели кои ми се како семејство. Имам покрив над глава и јадење на маса. И соништа кои ме тераат да продолжам.

Како можам да бидам несреќна поради тоа?

И не зборувам за среќата која се покажува со насмевка и расположение. Зборувам за длабоката среќа во мојата душа. Среќата која можам да ја гледам дури и кога сум вознемирена и тажна.

Среќата која е секогаш тука.

Во свет кој е се помрачен и морничав, научив самата да си создадам свое среќно и светло ќоше. И покрај горчивиот вкус кој понекогаш ми се јавува во мојата уста, јас немам ништо лошо да кажам.

И не, мојот живот не е совршен. Моето минато ме прогонува и мојата сегашност си има свои предизвици. Но, мојата иднина е светлина и непознатото повеќе не ме плаши толку многу.

Па затоа, ако ме видиш тажна, збунета и како се мачам да го поминам денот, знај дека всушност сум добро. Знај дека и покрај се, јас во себе сум среќна.