И покрај немирите, Турција е привлечна за Македонците- евтините аранжмани се пресудни

За познатите летни туристички места во Турција интересот годинава е значајно зголемен, велат од туристичките агенции. Според нив низата терористички напади во оваа земја не влијае на одлуките за летниот одмор и на македонските граѓани.

Моментно цените во познатите туристички центри Анталија, Аланија, Бодрум се за 30 отсто пониски од минатите години.

-Ние имаме понуди и речиси сите ни се исполнети, па Турција ни остана втора најбарана дестинација веднаш зад Грција. Некои од тие што одат, а кои сметаат дека нема да им биде нарушена комфорноста, одат и поради тоа што годинава цените се пониски. За ресорти од повисока категорија се плаќаат значајно ниски цени, и тоа е пресудно во одлуката за заминување- велат од скопска туристичка агенција.

Од туристичките агенции велат дека не се изненадени тоа што има голем број заинтересирани за летување во Турција, бидејќи сите аранжмани се евтини и цените им се привлечни. Најчесто се одлучуваат да патуваат во почетокот на летната сезона.