И овој продолжен викенд Македонците ќе уживаат на грчките плажи

И овој продолжен викенд Македонците ќе го поминат на грчките плажи. Туристичките агнеции многу одамна понудија привлечни понуди, а голем број Македонци се одлучија да резервираат и да заминат на плажа.

Поголемиот дел од Македониците, секој слободен момент сакаат да го поминуваат на море, а нашиот Јужен сосед е најблиску.

Првиот крак во Грција привлечен за Македонците кои сакаат да се одморат од секојдневните обврски, па макар на 2,3 дена да уживаат на море, а сега може да се искористи и првото сонце, како и попустите кои се даваат кога е почеток на сезоната.

Секој продолжен викенд иста приказна на грчката граница. За влез во Грција може и да не поминете многу страшно, да се задржите до половина час најмногу, но проблемот е кога ќе се враќате назад во Македонија. Колони, редици од автомобили. Се чека со часови за поминување на границата.

Но, како и да е, и покрај гужвите, Македонците не се откажуваат, го сакаат Егејското море, па не им е проблем да чекаат со часови.