И оваа година само на пикник покрај езерото Треска

Езерото Треска и годинава нема да биде оспособено за капење. Загадената вода и натаму е најголемата пречка за повторна употреба на рекреативниот комплекс.

Предупредувачите табли дека водата е полна со фекалии и е опасна за здравјето, веќе неколку години се на истите позиции околу езерото. Последиците можат да бидат различни кожни и други заболувања.

Се' додека не се создадат услови за рекреативно користење на езерските води и за капење, ќе бидат поставени и таблите за предупредување на македонски и на албански јазик.

Се додека водата во езерото не биде исправна за капење,скопјани ќе можат да уживаат во зеленилото околу езерото. 

new nike air max 2019