И ОВАА ГОДИНА: Богата програма, познати музички имиња на Културно лето Три Круши

Во општина Кисела Вода и оваа година по дванаесетти пат, традиционално ќе се одржи манифестацијата - Културно лето Три Круши. Богатата програма, која ќе понуди звучни музички имиња и популарни музички групи, за која и оваа година се погрижија од локалната самоуправа, ќе се одржи на културно верскиот рекреативен центар во  с. Драчево на локација Три Круши, во периодот од 30.06.2017 год. (сабота) до 29.07.2017 год. (сабота).

Програма

30.06.2017 (петок) - Свечено отворање со целовечерен концерт на Зуица Лазова и Наум Петрески

01.07.2017 (сабота) - Целовечерен концерт на етно музички група ,,Чалгија саунд систем “

07.07.2017  (петок) - Целовечерен концерт на Миле Кузмановски

08.07.2017 (сабота) - Целовечерен концерт на музичката група,, Дипломатик бенд “

14.07.2017 (петок) - Целовечерен концерт на музичката група ,, Гезме “

15.07.2017(сабота) - Целовечерен концерт на музичката група ,, Силви Бенд “

22.07.2017 (сабота) - Целовечерен концерт  на Сара (Мејс) Костадиновска

28.07.2017 (петок) - Целовечерен концерт на КУД ,, Китка “

29.07.2017(сабота) - Свечено затворање со целовечерен концерт на Сузана Спасовска и музичката група ,, Академци “