И Општина Карпош ќе субвенционира купување велосипед

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, имаше работна средба со претставници од неформалната група „На Точак”, на која напомена дека Општината од следната година почнува со субвенционирање при купувањето велосипеди со цел масовно користење на ова превозно средство од страна на граѓаните.

– Мора да почнеме да ги менуваме навиките. Со користење на велосипедот ќе влијаеме и врз намалување на загадувањето, знаејќи дека автомобилите се едни од најголемите загадувачи во Скопје, рече Богоев.

На средбата се разговараше и за постоечката велосипедска инфраструктура, при што беше истакната потребата за подобрување и изградба на нови велопатеки кои ќе придонесат за поврзување на Карпош со другите населби во главниот град.

Карпош со оваа одлука го следи примерот на Град Скопје и на Општина Центар, кои ито така даваат субвенции за купување велосипед.