И новите генерации се радуваа на старото скопско вовче

Генерации и генерации скопјани ќе имаат спомени од автодромите, ракетите, вртелешките, вовчето.....кои и по толку години изгледаа исто, некои дури имаа и иста боја.

Наскоро Скопје ќе добие нов, модерен и атрактивен забавен парк, со нови реквизити и забавни содржини.

Тој ќе биде сместен на истата локација каде сега се наоѓа Луна паркот, кој не е обновен од неговата изградба во 1973 година. Главниот забавен дел ќе содржи 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити. 

Целиот проект, предвидено е да биде готов за период од 3 години. Секоја година, соодветно ќе се распишуваат тендери за реквизитите кои би требало да го пополнат просторот.