И јас сакам! Другарите во училиште си купуваат чипсови и газирани сокчиња

-Mоето синче е второ одделени, пред извесно време побара пари да си купи сокче и грицки од продавнчката која е во близина на училиштето. Бев зачудена бидејќи се сеуште се мали да одат сами и да купат нешто. Го прашав дали и другите деца тоа го прават, ми рече дека си носат пари, си купуваат, скоче газирано, чипс, лижавчиња...Кога бевме на родителска учителката јасно нагласи дека децата се мали и нема потреба од купување од продавнички за време на одморот, доволно е од дома да си понесат некое овошје или сендвич. Крајно сум револтирана од односот на поедини родители. Како им дозволуваат на мали деца сами да излегуваат од школскиот двор за да купуваат, како им е и на другите кои ги гледаат, а не може да си го дозволат истото, вели Јасмина од Скопје.

Дали мали дечиња знаат да си го организираат буџетот или парите дадени од родителите ги трошат за купување нездрава храна?

Порано се занеш во училиштата имаше ужина, организирана исхрана па која сака можеше со месечен надомест да си обезбеди храна за своето дете. Но, повеќе нема интерес од родителите за ваков тип на исхрана.

-Се случува и оние дечиња кои одат во целодневна или дневен престој во училиштето да си носат дополнително храна како сендвичи, кифли..А, родителите плаќаа и по 2000 денари месечно за доручек, ручек и ужина. Сметам дека родителите не треба да им даваат дополнително пари како и храна на децата кои одат во дневен престој, доволно е само овошје да се стави како ужина за време на големиот одмор, вели Јагода педагог во скопско основно училиште.

Таа вели дека се случува деца да носат и по 500 денари и да си купуваат грицки, скочиња, тостови...

-Има деца кои не ги јадат јадењата од училиштето па честопати се случува да кажат му дадов 100 денари па нека си купи што сака, дефинитивно ова не ви го решава проблемот бидејќи за тие 100 денари најчесто се купуванездрава храна, вели педагогот Зорица.