И дечињата кои питачат на скопските крстосници добија пакетчиња (фото)

Новогодишните празници се период кога најмногу се дарува, но се чини дека неретко се заборава на многу загрозени групи на граѓани. Така во текот на вчерашниот ден две активистки им поделиле пакетчиња на дечињата кои питачат на повеќе скопски сообраќајници, а како што велат, на нивната радост и немало крај. 

- Не го поддржуваме воопшто питачењето по улици, но да не ги заборавиме и децата кои секој ден ги гледаме на семафорите. Тие деца сигурно не се по нивна желба таму каде што се. Денес сакавме да ги стоплиме нивните срца. Денес им поделивме пакетчиња на овие деца, велат од невладината организација Стопли срце.