И австралиски државјани влегле во касарната во Петровец

На 21.08.2019 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Н.Ц.(35) и Б.А.А.(27), австралиски државјани, влегле во кругот на касарната. Тие изјавиле дека залутале следејќи ги насоките од ГПС уредот, а имале намера да одат кон Меѓународниот аеродром „Скопје“. Лицата биле приведени во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.