И амбасадорот Пломп возеше велосипед низ Скопје

Во рамките на Европската недела на мобилност 2018 година, денеска во Скопје се одржа велосипедско дефиле.

Многу рекреативци и велосипедисти учествуваа на овој настан, а помеѓу присутните беше и холандскиот амбасадор во Македонија, Волтер Пломп.

За разлика од Македонија, во Холандија многу повеќе се возат велосипеди, а и политичарите и високите функционери го користат ова превозно средство во оваа држава.