Хуманитарна забава за Наташа Николовска

ЈП Паркинзи на Општина Центар организира голема хуманитарна забава за Наташа Николовска која боледува од рак на желудник.

Наташа е самохрана мајка на малиот Марио. Минатата година го загубила својот сопруг кој ненадејно починал од разорен инфаркт на 43 годишна возраст. За трагедијата да биде уште поголема, на почетокот на овој месец на Наташа и е дијагностициран рак на желудник. Веднаш е оперирана, но мора да продолжи со лекување. Сумата која што и е потребна да го продолжи лекувањето со озонска терапија изнесува 12.000 евра.

Хуманитарната забава ќе се одржи во Бистро Опера паб на 27.04.2017 година (четврток) со почеток од 21:30 часот.

ЈП ПОЦ ги поканува сите граѓани кои се во можност да дојдат и да и помогнат на оваа храбра мајка да ја победи болеста и да го израсне своето дете.