Хуманитарна забава за Бубе Ин

ЈП Паркинзи на Општина Центар заедно со Радио Бар и Јегермајстер Македонија организираат голема хуманитарна забава за познатиот стилист Љупчо Петрушевски, познат како Бубе Ин.

Поради преголем ангажман околу својата работа и низа стресови, Бубе Ин се соочил со голем пад на имунитетот поради што добил воспаление на мозокот – енцефалитис, бил итно пренесен во болница и лекарите едвај успеале да го спасат неговиот живот. Тој со месеци одел на третмани со кортикостероиди и како последица од третманите потребно му е вградување имплант во рамотото, зафат кој треба се плати 20.000 евра.

Хуманитарната забава ќе се одржи во среда (12.07.2017 год.) во Радио Бар, со почеток од 22:00 часот.

ЈП ПОЦ ги поканува сите граѓани кои се во можност да дојдат и со секој купен пијалок или доброволен прилог во кутиите за донации да помогнат заедно да ја вратиме магијата во рацете на големиот мајстор.

Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, а не се во можност да присуствуваат на забавата, можат да донираат на телефонските броеви за донации:
- за корисниците на Телеком: 070 143-193
- за корисниците на Оне.ВИП: 143-488