Хуманитарна велигденска изложба

Во просториите на Општина Аеродром, деновиве е поставена продажна изложба на рачни изработки од претставници на здружението на лица со телесен инвалидитет "Мобилност Скопје"

На изложбата можат да се видат велигденски украси и рачни изработки по пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, односно најразлични украси и други рачно изработени предмети од страна на членовите на Здружението, а поставена е и кутија за донации за хуманите граѓани, кои имаат желба да им дадат симболична поддршка на лицата со телесна попреченост.

Целта на оваа изложба, покрај собирање финансиски средства, е афирмирање на нивните изработки.