Хуманитарна акција за Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари

Здружението за општествено економски просперитет „Човекот пред се“ вечер ќе организира хуманитарна акција за помош на Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари, кој изгоре до темел во пожарот кој се случи на 1 март.

Предвидена е аукција на фотографии од познати македонски фотографи, кои посетителите ќе можат да ги купат и со тоа директно да донираат. Ќе биде поставена кутија за донации и ќе може да се донира со секој купен пијалак.

Граѓаните ќе можат да донираат и боенки, фломастери, боички, сликовници, детски книги, тетратки и друг школски прибор, како и хигиенски средства, кои во моментов се најпотребни.