Хуманитарна акција: Изработка на привремени засолништа за бездомните животни

Oпштина Центар и ЈП ПОЦ почнуваат нова граѓанска хуманитарна акција за заштита на бездомните животни кои во изминативе неколку дена беа изложени на масовно труење во Скопје.

Од денеска, во просториите на ЈП Паркинзи на Општина Центар од 14:00 до 19:00 часот ќе се изработуваат привремени засолништа за бездомните животни со цел да им се помогне да ја преживеат зимата, но и да се заштитат од несовесните граѓани.

ЈП Паркинзи на Општина Центар упати повик до граѓаните да се вклучат во оваа акција и да помогнат во изработка на куќарки за животините.

Телефон за контакт: 070 424 685 – Емилија Попоска.