Хуманитарен пикник на Школка

Kick Off Picnic ќе се одржи на Школка, Градски парк во Скопје, на 15ти мај во 11 часот, во организација на невладината организација Summer Work and Travel Alumni Macedonia.

 Целта на овој настан е преку забава и дружење да се поттикне хуманоста и барем накратко да се избега од секојдневието.

- Овогодинешниот пикник го посветуваме на малата Ели, која боледува од тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат). Секој посетител со минимална донација од 100 денари ќе добие пијалак и традиционална пикник закуска - велат организаторите. 

Настанот е предвидено да трае од 11 до 16, а се планираат спортски активности (фризби, мал тенис, corn hole, влечење на јаже, water pong), музички перформанси, како и традиционален турнир во одбојка. Дополнително ќе има и катче за најмалите, каде што ќе може да ја изразат својата креативност. За добрата атмосфера ќе се погрижат Латино Инструментал Бенд и ДЈ Бимбо. 

Ваков хуманиратен пикник се одржува четврта гоидна.

nike air max 1 sale