Хуманитарен концерт за самохраната мајка од Козле

Под мотото „Подај рака – спаси некого од мака" на 10 март 2017 година во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи хуманитарен фолклорен концерт со почеток од 20 часот

Целта на овој хуманитарен концерт е собирање на финансиска помош за самохрана невработена мајка од населбата Козле во Скопје, која со своето малолетно дете живее во многу тешка состојба.

Собраните средства ќе се искористат за санирање на кровот, поставување на соодветни врати и прозорци, санирање на подот и купување на апарати за домаќинство. Билетите ќе чинат 100 денари и истите може да се купат на билетарницата во Домот на АРМ или пред почетокот на концертот.

Концеротот е во организација на Општинската организација на Црвениот крст од општината Карпош, Асоцијацијата на европски студенстски структури „Аегее" и фолкорното друштво „Блажевски".

Имплементацијата на програмата Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.