Хрватска вработува Македонци- плата 2.000 евра

Хрватска не може да најде кандидати за работа во угостителството и тамошните сопственици на ресторани, кафетерии, хотели и туристички агенции се свртуваат на земјите од регионот.

Доаѓањето на топлите месеци за сите невработени отвара можности барем за сезонско вработување. Потрагата по сезонски работници веќе е почната, а само Хрватска, каде веќе со години најмногу има од Босна и Херцеговина, оваа година бара 40.000.

Заработката на сезонските работници во Хрватска се движи од 600 до 2000 евра месечно, со сигурно бесплатно сместување и храна, додека работниците со двојно државјанство може да очекуваат и здравствено осигурување.