Храна што предизвикува непријатни телесни мириси

Доколку имате проблеми со непријатни телесни мириси иако водите сметка за хигиената, можеби би требало да обрнете внимание на содржината на својата чинија…

Познато е дека е лукот главен предизвикувач на лошиот здив. Тој содржи сулфур кој се ослободува при дишењето и низ порите на телото. Но и премногу зачинета храна исто така може да доведе до зголемено внесување на сулфур и непријатни мириси.

Црвеното месо тешко се вари, па затоа не се чудете ако претерано се потите кога ќе се прејадете. Вашиот природен мирис дополнително можат да го засилат и газираните пијалоци, чоколадото, кафето, чајот и алкохолот затоа што барем 10 отсто од количината што сте ја внесле, организмот не може да ја свари.

Зголеменото внесување на брза храна во комбинација со недоволна физичка активност доведува со собирање на масни наслаги во телото, што исто така предизвикува претерани потење и непријатни мириси. Солта, шеќерот и зејтинот би требало да се внесуваат во ограничени количини, а брзата храна изобилува со нив.

Млечните производи се богати со протеини, па доколку ги консумирате во поголеми количини, може да дојде до проблеми со варењето, а како последица на тоа настануваат и непријатни мириси.