Храна која ја поттикнува сексуалната желба

Поврзаноста меѓу храната и либидото ни е веќе позната. Постојат намирници кои делуваат како афродизијак, но постојат и онакви кои не би требало да ги конзумираме доколку се грижиме за својот сексуален живот.

За што станува збор.

Голем дел од исхраната влијае на циркулацијата. Така, добрата циркулација е предуслов за добар секс, а ако немате проблеми со тоа, посотјат намирници кои ќе го забрзаат крвотокот и ќе ја зголемат вашата сексуална желба.

Меѓу нив се јагодите кои се одличен антиоксидант и го јакнат срцето, а се богати и со витамин Ц кои го подобрува квалитетот на спермата кај мажите. Исто така, ги препорачуваме и авокадото кое е богато со омега 3, и витамините Б6 и Е, како и калуиум. Бадемите и другите јаткасти плодови веќе се познати како силен афродизијак, а во комбинација со мед прават чуд.

Но, што треба да избегнувате?

Доколку сакате добар секс и романтика, прескокнете го алкохолот (во големи количини), црвеното месо и пржената храна. Со стомак полн со тешка и масна храна, веројатно само ќе сакате да лежите и заспиете.