Храна богата со витамин Ц на која не смеете да заборавите овие денови

Витаминот Ц е еден од најважните витамини против настинките и грипот, но и за подобрувањето на имунитетот. Тој го стимулира создавањето на бели крвни зрнца, кои го штитат телото од инфекции и вируси. 

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно конзумираат храна богата со витамин Ц имаат значително помал ризик за настанки. Иако можете да го земате како додаток во исхраната, сепак првенствено се препорачува храна богата со овој витамин.

Брокули

Тие содржат двојно повеќе витамин Ц од цитрусните овошја, односно 132 гр во нормална големина на 1 брокула, споредено со 70 гр во 1 портокал.

Карфиол

Возрасните потребно е да конзумираат околу 90 гр витамин Ц во текот на денот, а само 1 карфиол со нормална големина содржи 77 % од препорачаната дневна доза.

Пиперки

Пиперките содржат голем процент вода, но тоа не значи дека не се богати со витамини. Една црвена пиперка за пример содржи 169% од препорачаната дневна доза за витамин Ц.

Портокал

Портокалите се одличен извор на витамин Ц, но и на природни влакна кои придонесуваат за добро здравје на срцето, добар метаболизам и силен имунитет.

Домати

Само 1 домат со средна големина овозможува 28% од препорачаната дневна доза за витамин Ц.

Киви

Тие содржат околу 64 мг од витамин Ц, но корисни се бидејќи истовремено содржат и витамини Е, К и фолна киселина, кои се моќна комбинација за заштита на нашето тело од настинки и грип.

Лимон

Еден лимон содржи околу 30 мг витамин В,  а цитрусната киселина во ова јужно овошје што помага за заштита од камин во бубрезите и штити од анемија.