Хотелот Миррор во април ќе ги отвори своите врати за посетители и гости

Развојот на индустриските зони, зголемената посета на туристите, бројот на летови како и меѓународниот транзит кон северниот и јужниот сосед  ја наметна идејата да се изгради хотел кој ќе ги задоволи потребите како за меѓународни, така и за домашни гости.

Економските параметри покажуваат дека сите светски метрополи и главни градови располагаат со хотели кои ја задоволуваат потребата за сместување на гостите. Ова беше предизвик да на Македонскиот пазар се инвестира и изгради комплексен хотел .

Хотел „Миррор“ ****" се наоѓа на најважната локација на влезот во градот Скопје и ги поврзува двата автопати и главниот пат кој води кон "Меѓународниот аеродром Скопје".

Хотелот „Мирор“ е само 700 метри од Аеродромот и само 15 минути од центарот на градот.

Изграден е по меѓународни светски стандарди, следејќи ги квалитетите и услугите  на хотелите во Европа. Има модерен урбан дизајн, а секоја соба има посебна карактеристика, нудејќи современа приказна. Преддворјето на хотелот е оплеменето со зеленило. Паркингот е странично поставен и истиот располага со капацитет од 50 места, 24 часа е под видео мониторинг и е бесплатен за гостите на хотелот.

„Хотелот Миррор“ на располагање со 15 соби и  два се луксузни апартмани. Секоја соба располага  со модерна работна маса, простор за релаксација, простор за седење, големи кревети и луксузни бањи.  Во внатрешноста на дворот е распослана зелена површина каде се наоѓа модерен бар, егзотична фонтана, многу дрвја и цвеќиња и отворен базен.

Хотел Миррор ги збогати своите услуги со бесплатен превоз од и до Аеродром со луксузен мини бус со капацитет од 19 седишта. Хотелот е опремен со супер брз бесплатен WI-FI интернет. Во рамките на хотелот се наоѓа ресторан кој е модерен и екстравагантен. Погоден е за одржување на мини конференции, деловни средби и состаноци. Доколку сакате мир и релаксација која ја нуди локацијата,  хотелот обезбедува високо квалитетни едуцирани физиотерапевти кои нудат специјални релакс масажи и третмани.

 Во околината на хотелот се наоѓаат места кои вреди да се посетат. На само 8 километри се наоѓа минерална бања "Катланово" која располага со лековити води. Еден од најдобриот клуб за јавање „Анимал " е оддалечен само 4 километри од хотелот. Исто така, во непосредна близина се наоѓаат традиционални ресторани, тениски терени, спортска сала, новоизградена италијанска болница и многу други места.

Хотелот „Миррор“  во април ќе ги отвори вратите за престој на гостите...

Ќе бидете добредојдени  во нашиот хотел, каде што многу огледала прават една приказна незаборавна за вас. Гледајте кон едно од нив и тоа ќе Ви каже, она што сакате да го слушнете. Љубезниот персонал ќе Ви понуди професионална услуга и топло добредојде.