Хортикултурно уредено платото кај Порта Влае

Општина Карпош изминатиов викенд хортикултурно го уреди и платото кај Порта Влае. Во жардиниерите се засадија повеќе украсни грмушки, со кои ќе се зголеми зеленилото на овој потег.

Локалната самоуправа веќе ја започна и пролетната акција за засадување на нови дрвјa, во населбите Козле, Тафталиџе 2 и Карпош 4.

Во претстојниот период, ќе се засадат уште 237 дрвја на територијата на Општина Карпош.