Хороскопските знаци и Денот на вљубените

Денеска за многумина е најромантичниот ден во годината, ден за многу чувства, слатки изненадувања, чоколади и вино, скапи вечери и нежности, а за други пак е уште еден обичен ден кој и вака и онака ќе си помине без многу драма.

Но, ако не знаете кого и како да ја изненадите саканата личност тогаш ѕвездите нека ви помогнат да ја испланирате совршената вечер зачинета со одличен подарок и многу романтика или пак уште една авантуристичка ноќ со добар филм.

Овен – Не му е потребен празник да ја слави љубовта

Како прв знак во хороскопот, на Овенот, кој е роден лидер, не му се потребни посебни празници за да ја прослави љубовта. Поради нивната силна енергија и ентузијазам може да имаат антиВалентин (хорор филмови, мрсна храна и многу лук).
Тоа не значи дека нема да се заинтересираат, но секако ќе се постават себеси на прво место.

Бикот го смета Св. Валентин за уживање

Со оглед на тоа што Денот на вљубените подразбира вкусна романтична вечера, припадниците на овој знак токму тоа го очекуваат. Не патат за големи демонстрации на љубов или филмски сценарија, туку Св. Валентин го гледаат како можност за хедонистичко уживање со партнерот.

Близнаците не сакаат типичен Ден на вљубените

Припадниците на овој воздушен знак не се поборници за романтика, а Св. Валентин не им претставува нешто големо. Едно поинакво излегување кај нив е секогаш добредојден план, па така и овој ден. Но, не сакаат типично сценарио со ружи и свеќи. Нема премногу да драматизираат ниту ако не добијат подарок.

Ракот го обожава Денот на вљубените

Припадниците на овој знак едвај го чекаат Денот на вљубените, под услов да се заљубени и да имаат со кого да го слават. Од партнерот најмногу очекуваат да ужива со нив и да се препушти на романтиката. Нивната идеална романтична вечер почнува со вечера, а завршува како во филм, со водење љубов и нежни зборови.

Лавот не му придава значење на Св. Валентин

Личностите родени во знакот на Лав не се имуни на романтиката, но повеќе би сакале секојдневно да уживаат во неа, а не поради комерцијализација само на овој ден. Со оглед на тоа што сакаат подароци, нема да се бунат против нив, но нема ниту предвреме да ги очекуваат. За нив идеално поминување на овој ден е со добар филм во прегратка на саканиот.

Девицата очекува романтика колку да си помине редот

Припадниците на овој приземјен и аналитичен знак не се претерано романтични и повеќе сакаат конкретни убави дела, отколку подароци и само зборови. Ако не им честитате или не им дадете ништо за Денот на вљубените сепак ќе се чувствуваат повредено, бидејќи таков е редот. Во пораката која сте им ја напишале, ќе бараат грешки, но сепак ќе им измамите насмевка на лицето.

Вагата сака посебни прилики

Припадниците на овој знак ја сакаат секоја прилика во која можат убаво да се облечат, да посетат некој отмен ресторан и да уживаат со одлично вино. Тие не очекуваат толку романтика, колку целокупно доживување на уживањето. Ако ништо од тоа не организирате ќе ги разочарате и ќе сметаат дека не сте доволно емотивни, иако и самите тие не се нешто подобри и поромантични.

Скорпиите на Денот на вљубените очекуваат добар секс

За припадниците на овој знак прославата на Денот на вљубените е асоцијација за добар секс. Секси долна облека, смислено сценарио и ноќ посветена на партнерот за нив е врв на романтиката, а приликата како Св. Валентин за тоа одлично им служи. Не очекуваат скапи подароци бидејќи повеќе од тоа ги радува еротската масажа.

Стрелецот вистински го сака Св. Валентин

Иако не гледаат на Денот на вљубените како симбол за љубовта, припадниците на овој знак со задоволство би се препуштиле на романтиката. Изненадувањата може да ги освојат, особено ако се работи за нови работи кои немале прилика претходно да ги пробаат или имаат. Не се чудете ако претходно зборуваат дека ништо не сакаат за Св. Валентин, тие само сакаат да остават впечаток на разумност.

Јарецот повеќе сака допири отколку убави зборови

Како и Девицата и Јарците си поминуваат на редот за Денот на вљубените. Но, ако партнерот ги заборави, тогаш би се налутиле. Не сакаат ниту да добиваат, ниту да даваат скапи подароци. Подобро би ја поминале цела вечер во разговор, прегратки и добар секс. Допирите им значат повеќе од комплиментите, бидејќи тоа е нивниот начин на искажување емоции.

Водолиите го сметаат Св. Валентин за глупост

Припадниците на овој знак дефинитивно се најголем противник на комерцијализацијата на Денот на вљубените. Не сакаат ништо да се очекува од нив, без разлика дали е цвеќе или романтична порака. Ако се тазе заљубени можеби и би посакале да го прослават, но немаат идеја како тоа да го изведат.

Рибите сакаат филмско сценарио

Св. Валентин е ден за остварување на сите љубовни соништа за романтичните Риби. Со оглед на тоа што премногу вложуваат во емотивниот однос и нивните очекувања се големи. Сонуваат за патување, романтична вечера или танц на зајдисонце. Ако нивниот партнер не го сака истото ќе бидат тажни и разочарани и ќе мислат дека не ги сака доволно.