Хороскопот ја открива вашата слаба точка

Која е вашата слаба точка? Што претставува таа? Хороскопот може да ви даде одговор.

Овен – вашата слаба точка е вешто прикриена, па делувате како да ја немате, но вие сте ужаснати од помислата дека би можеле да бидете осамени, болни или илозирани од другите, без некој да се грижи за вас во тешките моменти кои ги носи животот. Иако сте многу храбри и самоуверени, вашата слаба точка е вашето семејство.

Бик – оние кои не ве познаваат мислат дека можете да направите сѐ што ќе направите. Вие сте личност која нема да отстапи од тоа што ќе го зацрта. Но, вашата слаба точка е тоа дека не сакате никакви промени. Никогаш не би сакале да ризикувате да останете без финансиска поддршка, без простор за живеење и без саканата личност.

Близнаци – ваша слаба точка е вашиот нервен систем, па затоа често се нервирате за беспотребни работи. Во тоа не ви помага ниту вашата вродена интелигенција и снаодливост, бидејќи ве обзема паника која често се претвора во страв од соочување со самите себеси.

Рак – вашата постојана загриженост за сите нешта е вашата најслаба точка. Тоа е последица на вашата вродена несигурност и стравови кои ве обземаат од време на време. Вам, затоа ви е потребен и стабилен партнер, кој ќе ви помогне да го надминете тоа.  Вашата најслаба точка е всушност стравот да ја изгубите саканата личност или статусот во општеството.

Лав – вашата слаба точка е суетата која понекогаш нема граници, па многумина можат да манипулираат со вас со тоа што ќе ви се додворуваат и ќе ви даваат комплименти. Што повеќе поданици имате околу вас, вие сте толку посреќни. Вие највеќе се плашите јавниот потсмев и губењето на вашата општествена или професионална позиција.

Девица – вашата слаба точка е контролата, односно стравот да ја изгубите, а доколку дојде до тоа, вам може да ви се случи и голема депресија. Должностите и обврските се ваш свет на правила, без кој не умеете да функционирате. Тие ви се и поважни дури и од вашите најблиски, но внимавајте. Тоа може мошне скапо да ве чини во животот.

Вага – не сакате кавги и конфликти, на ниту едно место и затоа сте многу воздржани. Вашата слаба точка се разговорите за непријатните теми. Вие самите си ја разубавувате својата реалност и никако не сакате да дозволувате да размислувате за црни теми, конфликти и проблеми. На тој начин го избегнувате стресот, но внимавајте: така се одалечувате од другите.

Шкорпија

Вашата слаба точка е вашиот љубовен живот, без оглед на тоа што ја имате титулата на најголем заводник во хороскопот. Се грижите и за вашиот физички изглед и еротската моќ, бидејќи времето минува и понекогаш претерувате со таквите грижи и анализи. Вие сте всушност најранливи кога сте заљубени, бидејќи тогаш ја губите контролата по која толку копнеете.

Стрелец

Иако сте многу прилагодливи и снаодливи, вие сте постојано внимателни некој да не ви прави нешто позади грб, особено на работното место. Вашата слаба точка е правдољубивоста и затоа не  поднесувате агресивност и насилство, бидејќи сте многу чувствителни на туѓото патење и проблеми. Ве загрижува и однесувањето на вашата сакана личност, па постојано се трудите да не покажувате сомничавост, но всушност сте како мал детектив.

Јарец – постојано барате промени и се стремите напред, бидејќи тоа ви покажува дека сте живи и дека се движите на врвото, но вашата најслаба точка е вашата емотивност и голема зрелост, но и желбата да ги остварите своите соништа. Имате дарба да ги почувствувате работите кои другите не можат и наместо да го сметате тоа за предност, тоа всушност ве оптеретува.  

Водолија – иако на прв поглед делувате препотентно, вашите слаби точки се стравот од губење, без оглед на тоа дали се работи за професионална положба, финансиска сигурност или почитување на семејството. Во длабочината на својата душа, вие се плашите од понижувања, болести и сиромаштија, за што не сакате да зборувате, бидејќи нејќете да се баксузирате.

Риби – вешто и шармантно ја прикривате својата вродена несигурност – вашата слаба точка да избегате во својот паралелен свет на соништа и идеализирање. Вие сте амбициозна и многу способна личност, но постојано идеализирате и барате нешто што не постои.