Водолија

Водолија (20. I – 18. II)

Расчистете ја погрешната комуникација, Водолија. Понеделничката врска Меркур-Хирон сака проактивно да ги решавате сите недоразбирања со другите. Сезоната на Бик започнува во петок и ви помага да се стабилизирате. Саботната врска Јупитер-Уран ги насочува вашите намери кон домот, семејството и припадноста за да можете да ја манифестирате внатрешната и надворешната емоционална безбедност што ја барате.

Работа

Креативната енергија која ја имате ви помага да постигнете одлични резултати. Морате да се изборите со главниот непријател, а тоа е суетата. Повеќе внимание треба да посветите на конвенционалноста. Можно е да имате успех во докажувањето во работата. Имате успех и во одржувањето добри односи со колегите овој период. Но, лесно ги трошите парите. Бидете повнимателни. 

Љубов

Водолиите кои се во врска доживуваат мал негативен период. Се трудите да се снајдете во ситуација која воопшто не е едноставна. Не ви одговара комуникацијата на саканата личност, но имајте на ум дека не можете да ги смените. Тие се такви какви што се.

Слободните претставници треба помалку да зборуваат, а повеќе да делуваат.

Здравје 

Здравјето е одлично. Внимавајте на исхраната.

Останете отворени за љубовта, романсата, но и малите нешта кои го прават животот поубав.

Работа

Веројатно имате работа од која сте задоволни, но во текот на овој месец, би можела да се роди идеја за да започнете сопствен бизнис. Енергијата на работа се зголемува, а тоа значи поголема волја, но и повеќе работа. Ако ги следите своите амбиции и идеи, посебно во работата со Лавовите и Овните, имате голема шанса да успеете.

Универзално непожелниот ретрограден Меркур започнува во понеделник, 1 април, во Овен, директно влијаејќи на комуникацијата. Ова ве прави поподложни од другите знаци на некои од ретроградните ефекти. Бидете внимателни со меилови и договори кои можеби ќе треба да ги потпишете.

Во следните недели, немојте да се изненадите кога ќе видите до кој степен вистинската потреба може да создаде чуда. Наместо да замижувате пред фрустрациите што ги чувствувате во вашата секојдневна рутина, ќе имате храброст да дејствувате за промените кои ги посакувате и да продолжите напред.

Нема да ги слушате советите од вашите најблиски кои се обидуваат да ве убедат да бидете пореални. Во животот, сонувачите се секогаш поинтересни од оние кои се практични. Тоа е вашиот став. Со цел да се осигурате дека нема да се вклучите во нешто што не ги одразува вашите вредности, не брзајте со вашата одлука. Вашиот приоритет треба да биде да ја замислите вашата акција на долг рок.

Но, можеби има причина да ги прославите професионалните или креативните достигнувања во втората половина од месецот. Во вторник, 23 април, полната месечина во Шкорпија, преку лунарната фаза поврзана со резултати, ја истакнува вашата 10-та куќа на социјалниот статус, што најавува достигнувања. Ве очекуваат убави вести!

Љубов

Дали сте доволно среќни да го споделите вашиот живот со некој што ве сака и разбира? Присуството на Јупитер укажува дека во првиот дел од овој месец вашата врска ќе биде во добра форма. Ќе чувствувате длабока доверба и љубов еден кон друг. Двајцата целосно ќе уживате во оваа пријатна атмосфера.

Дали барате сродна душа? Иако астрологијата не е наменета да ја предвидува иднината, во април постојат сите причини да верувате дека сте подготвени да влезете во нова врска. Има ли пријатно изненадување на хоризонтот?

Во љубовниот живот, нови ситуации доаѓаат за вас, овој месец. Ова ви носи среќни моменти во текот на цел април. Останете отворени за љубовта, романсата, но и малите нешта кои го прават животот поубав.

Во четврток, 4 април, прекрасната Венера вчегува во Овенот, предизвикувајќи наплив на доверба во вашите врски. Сега е време смело да ги изразите своите чувства, без разлика дали барате некого или велите дека те сакам.

Младата месечина на 8 април може да се смета како покана за размислување за вашиот живот. Под негово влијание, ќе сакате да видите што се случува во вашиот внатрешен свет и да ги истражите мистериите на вашата потсвест. Затоа може да ви помогне подобро да разберете некои од вашите емоционални блокади, а исто така и да ги идентификувате вашите когнитивни предрасуди. Откако ќе ви биде јасно кои сте и што сакате, полето на можности повторно ќе се прошири.

Вашите односи искрено се одвиваат одлично, како што дополнително покажа Јуно, астероидот на посветеноста, кој ја завршува својата ретроградна и оди директно во лојалната Девица и вашата седма куќа на партнерството во недела, 21 април. Овој транзит ги благословува пријателствата и романтичните потфати.

Во април, полната месечина  на 23 април ве поттикнува да го развивате вашиот социјален живот и да се опкружувате толку често колку што е потребно со луѓе на кои им верувате. Поради навика или недостаток на време, понекогаш имате тенденција да се затворите во мал балон од рутината. Во наредните денови очигледно треба да бидете поекстравертни. Споделувањето на добри времиња може само да помогне во зајакнувањето на вашето моментално добро расположение. Вашиот ентузијазам за животот може да им помогне и на некои од вашите најблиски.

Во четврток, 25 април, заблагодарете се што Меркур оди директно и маглата на погрешна комуникација почнува да се крева. Лекциите од оваа ретроградна фаза, сепак, остануваат како важни потсетници за грижата за менталното здравје и благосостојба. Вашиот секојдневен живот е толку исполнет што сфаќате дека можеби повеќе ви се допаѓа животот кој го живеете подалеку од вашиот телефон, што дополнително се засилува во понеделник, 29 април, кога великодушната Венера влегува во бујниот Бик и вашата 4-та куќа на домот и семејството. Овој транзит носи убава енергија во воздухот.

Најдобар ден за љубов е 22 април.

Здравје  

Бидете внимателни при ракувањето со машини. 

Ова е една од најубавите години за Водолиите!

Ова е година во која ќе бидете фокусирани на недовршените задачи од претходната година. Од мај оваа година ќе ја имате целосната поддршка на планетите. Односите со другите ќе бидат подобри и ќе успеете да изградите поголемо разбирање со другите луѓе.

Во поглед на љубовта, лесно ќе се исполнуваат вашите љубовни желби, а тоа ќе донесе радост во вашиот живот. Вашата љубов е слатка, романтична и хармонична. Ве очекуваат и убави патувања во текот на овој месец. Но, можна е мала нерамнотежа и вознемиреност во текот на летните месеци. Во август, слободните Водолии би можеле да запознаат една посебна личност.

Во првите месеци од годината, енергиите ќе бидат измешани, но и силни, а потоа интензитетот ќе опаѓа. Патувањата ќе бидат исто така интензивирани во првите три месеци од 2024. Ако се соочите со мал замор, добро е да го препознаете тоа и да најдете соодветен начин за да се одморите. Чувајте се од хронични мигрени.

Вашиот живот би можел да ви донесе одлични резултати на крајот на годината. Од ваше гледиште можеби нема многу да се менува низ месеците, но кога ќе погледнете назад, ќе успеете колку тие промени влијаеле на вас како личност. Тоа ќе ве направи горди на вашите успеси. 

Имате можности за добра заработка, но ќе треба да научите добро да управувате со својот буџет за да заштедите малку повеќе. Финансиската ситуација ќе биде особено поволна за вас по месец март.

Работа

Вашите финансии ќе бидат одлични во новата година. Ќе добиете пари кои значително ќе ја подобрат вашата финансиска ситуација и ќе ви донесат спокој на ова поле. Генерално, ќе имате повеќе извори на приходи и тоа ќе ве држи среќни во текот на годината. Почетокот на годината ви носи одлични вести на ова поле.

Оваа година е особено добра за оние кои имаат сопствен бизнис или се подготвуваат да започнат нешто свое во новата година. Ако имате браќа и сестри, побарајте поддршка од нив при ваквите потези. 

Која работа и да ја започнете во новата година, ќе бидете успешни. Ќе бидат препознаени вашите напори и ќе се чувствувате како да сте на врвот на кариерата, но за некои Водолии ова е само почеток. Можеби изминатите години беа тешки или несигурни, но сега работите значајно се подобруваат за вас. 

Со своите добри одлуки ќе создадете одлични можности за успех, но внимавајте на луѓето кои се секогаш тука за лоши критики. Не обрнувајте внимание на нивните зборови. Месеците јануари, август и декември ќе бидат најдобри за вас. 

Можен е и премин на друго работно место, особено ако и самите имате желба за тоа. 

Љубов

Вашиот љубовен живот во 2024 година ќе биде подобар од претходно. На моменти, ќе се чувствувате како работите да се одвиваат бавно, но тоа не е ништо лошо. Ако сте во врска, важно е да покажете дека сте тука за саканата личност. Во ситуациите кога ќе дојде до мал конфликт, покажете разбирање и нежност. Оваа година ви носи едно романтично патување со саканата личност. Изберете дестинација која ви одговара на двајцата. 

Среќата влегува  и во животот на слободните Водолии. Уживате целосно во запознавањето нови луѓе, а ќе бидете и поотворени за љубов. Ако некоја личност ви се допаѓа, дајте си можност да поминете повеќе време со неа и да одлучите дали сакате нешто посериозно. Не барајте разум во секоја ситуација.

Здравје

Здравјето е најголемо богатство. Ако имаме добро здравје, можеме сè. Вашето здравје ќе биде одлично ова година. Ќе бидете здрави енергични, а можни се само мали здравствени проблеми кои ќе треба да ги следите. Зимата носи настинки, но и проблеми со синусите, а во текот ан летото бидете внимателни со зглобовите.

Ако се соочите со стрес, слушнете го своето тело и одморете. Не претерувајте во јадењето и пиењето.

Хороскоп по месеци

Јануари – Вашиот напредок е успорен во текот на овој месец, но тоа само ви помага да ги видите работите појасно. Во втората половина од месецот се враќа вашата виталност и успевате да ги остварите своите планови. Се отвораат и нови перспективи за вас, но вие сте внимателни. Ако сте во врска, саканата личност би можела да се чувствува осамено. Бидете тука за неа.

Февруари – Имате позитивна енергија, а тоа ви дава крилја за успех. Останете одлучни и мотивирани. Ако сте во потрага по љубов, читајте ја енергијата на луѓето. Тоа ќе ви помогне да одредите што е најдобро за вас.

Март – Позитивната енергија е и натаму главна водилка во вашиот живот. Го активирате своето знаење, а и одлични сте во аргументите и преговорите. Лесно соработувате со другите луѓе, што ви заштедува многу време и нерви. Ако сте во врска, не сте многу романтични,  па саканата личност ви забележува на тоа. Ако сте сами, ќе имате можност да заведете една прекрасна личност.

Април – планетите ви носат успех, а вашата природа ве прави одлучни и иновативни. Имате големи можности да напредувате на работното место. Ако се соочувате со конкуренција или некакво непријателство, ова е месец во кој ќе успеете да ја решите ваквата ситуација на дипломатски начин. Вашите финансии се подобруваат.

Мај – Видливи се некои препреки на вашиот пат кон успехот, но вие успешно се носите со предизвиците. Вашите одлуки имаат моќ да ви го трансформираат животот, а другите ви се восхитуваат на храброста која ја покажувате во различни аспекти. Овој месец сте многу ефикасни и на работното место. 

Јуни - Сите работи ги извршувате со радост. Ви се враќаат можностите кои претходно ги имате пропуштено. Овој период би можел да изгледа прекраток за оние кои имаат повеќе време за анализа и размислување. Како да немате време за сè и постојано коментирате колку бргу лета времето. Ако сте сами, ќе запознаете весела личност која ќе ви го украде срцето. 

Јули – Ова е месец во кој можете да постигнете чуда. Време е да се смирите со сите оние кои се плашат од промените. Не се трудете да ги импресионирате оние кои не разбираат зошто и како работите. 

Август – енергиите ви помагаат да се вратите на сцената на голема врата. Се чувствувате како да не ви е потребен одмор, но добро би било сепак да најдете време да се одморите. Почитувајте ги своите обврски, но и обврските на другите луѓе.

Септември – ви се пружаат можности за забава, кои не треба да ги прескокнете. Некои професионални односи би можеле да прераснат во пријателство. Подготвени сте да ја докажете својата посветеност на саканата личност.

Октомври – овој месец би можело да запознаете интересни личности  кои ја поттикнуваат креативната размена на идеи. Ги имате сите средства кои ви се потребни за успех. Немојте да бидете нефер кон саканата личност, договарајте се за сè во врската. Самоуверени сте, а шефовите се задоволни од вас.

Ноември – Енергиите ви носат успех и среќни околности. Но, внимавајте, не се преработувајте. Најдете време за одмор и поминете квалитетно време со саканата личност. Оставете ги и другите да направат нешто.

Декември – ова е месец во кој слободните Водолии би можеле да ја сретнат љубовта на својот живот. На работа, доаѓаат нови професионални предизвици. Имајте верба во себе, но и другите околу вас.