Водолија

Водолија (20. I – 18. II)

Работа

Цела недела ќе биде чудна за вас. Еден ден многу обврски, а потоа другиот ден цело време ќе одморате. Привикнете се на тоа, таква е целата недела.

Љубов

Комуникацијата со саканата личност не е добра. Ништо нема лошо, но некако не ви оди, како да немате за што да разговарате.

За слободните Водолии, има интересни ситуации со луѓе од минатото.

Здравје

Проблеми со хормоните, а можни се и главоболки.

Работа

Првите десет дена од месецот ќе бидат резервирани за финансиите, бидејќи ќе се занимавате со некакво вложување. По петтимарт доаѓа до интензивна комуникација со околината, па затоа внимавајте што кажувате. Можни се мали недоразбирања.

Љубов

Ако сте во врска: Доаѓа до проблеми со саканата личност и мала напнатост од двете страни. Третата недела од март носи смирување на ситуацијата.

Ако сте слободни: Ако сте слободни, љубовта ќе зачука на вашата врата.Можно е да ја запознаете таа личност преку член на семејството, или пошироката фамилија.

Здравје

Обрнете внимание на исхраната.

Работа

Веќе подолго време стоите во место. Сакате да сте пред другите, но изминатиот период некој ве кочеше и веќе не гледате смисла во работата. 

Сепак, за среќа на ова поле доаѓа до драстични промени и тоа навистина добри. Почетокот на годината ќе биде прилично мирен, а вистински бум надоаѓа по 23 март. Доаѓа време на јакнење на вештините, подобрување на состојбата и зголемена самодоверба. Ова е година која ќе ја паметите.

Љубов

Ако сте слободни, доаѓа нова врска во која ќе бидете многу среќни. Но, ќе треба да ги отворите очите широко и да ја забележите таа личност околу себе. Личноста е постара и многу посериозна и навистина многу ќе ви се допаднат нејзините ставови.

Зафатените Водолии ќе бидат на голем испит кога станува збор за љубовта. Но, ќе морате да имате слух еден за друг. 

Здравје

Доаѓа до промени на ова поле. Ќе бидете физички поактивни, а со тоа и полетни.