Водолија

Водолија (20. I – 18. II)

Работа

Ве очекува голема борба, но и неколку победи оваа недела. Бидете дипломатични, тоа ќе ви донесе успех.

Љубов

Вашето позитивно расположение ќе ги поправи сите работи оваа недела. Ќе има и моменти кои ќе ве нервираат, но генерално земено ова е одлична недела за љубов. За слободните Ваги, доаѓа љубов преку пријатели или социјалните мрежи.

Здравје

Стрес и проблеми со циркулацијата.

Работа

Старите предизвици доаѓаат повторно да ве мачат, но и да ве зајакнат малку. Сепак, потрудете се да се смирите бидејќи крајот на месецот ви носи подобрување на ситуацијата на ова поле. Останете каде што сте, и зачувајте го добриот однос со колегите и надредените. 

Средината на месецот ве очекуваат нови контакти и можности за соработка. Но, ќе бидете малку склони кон депресија поради работата. 

Љубов

Ако сте во врска: Вашиот партнер очекува многу од вас. Видете колку од тоа можете да исполните.

Ако сте слободни: Многу ви годи нечие внимание, но никако да и дадете шанса на таа личност. Ако влегувате во нови љубовни приказни, прво проверете какви ви се можностите, а дури потоа донесете одлука. 

Здравје

Ќе ве мачи стрес во текот на целиот месец.

Работа

Веќе подолго време стоите во место. Сакате да сте пред другите, но изминатиот период некој ве кочеше и веќе не гледате смисла во работата. 

Сепак, за среќа на ова поле доаѓа до драстични промени и тоа навистина добри. Почетокот на годината ќе биде прилично мирен, а вистински бум надоаѓа по 23 март. Доаѓа време на јакнење на вештините, подобрување на состојбата и зголемена самодоверба. Ова е година која ќе ја паметите.

Љубов

Ако сте слободни, доаѓа нова врска во која ќе бидете многу среќни. Но, ќе треба да ги отворите очите широко и да ја забележите таа личност околу себе. Личноста е постара и многу посериозна и навистина многу ќе ви се допаднат нејзините ставови.

Зафатените Водолии ќе бидат на голем испит кога станува збор за љубовта. Но, ќе морате да имате слух еден за друг. 

Здравје

Доаѓа до промени на ова поле. Ќе бидете физички поактивни, а со тоа и полетни.