Вага

Вага (23. IX – 22. X)

Работа

Чудна недела е пред вас, со многу работа, но не онакви обврски какви што очекувате. Исто така, не ви се допаѓа тоа што немате никакво влијание или контрола на работа.

Љубов

Оние кои се во врска ќе со соочуваат со сешто, само не со љубов. Не одете по пат кој нема да ве донесе никаде. Размислете што сакате.

За слободните Ваги, доаѓа интересна љубовна приказна со силни и интензивни емоции и страсти.

Здравје

Ситни и минливи проблеми.

Работа

Ова е месец во кој треба да направите сериозен чекор напред кон вашата кариера. Ќе се трудите да ги исправите грешките од минатото и да одите напред. Притисокот се намалува и конечно можете да уживате во плодовите од вашиот успех.

Љубов

Ако сте во врска: Постои голема шанса за конфликти во текот на месецот. Иако посакувате хармонија, некако ќе реагирате на сите ситници. 

Ако сте слободни: За вас ќе се заинтересира една постара, но и веројатно зафатена личност. Бидете внимателни.

Здравје

Можни се уринарни инфекции.

Работа

Оваа година напорно ќе работите за да го добиете тоа што го сакате, а нема да постојат предизвици кои не можете да ги совладате. На крајот, ќе дојдат и резултатите од таквиот труд.

Финансиите ќе бидат најдобри во периодот јануари - февруари и тој тренд ќе ве следи до крајот на летото. Можно е враќање на долгови, но и продажба на недвижнини кои ќе ви донесат зголемени финансии.

Љубов

Ако сте во врска или брак, и понатаму ќе се занимавате со препреки, но годината ќе биде мирна и ве очекува добар однос со саканата личност, без промени. 

Слободните Ваги навлегуваа во 2020 со големи очекувања, највеќе поради разочарувањата од претходната, но веќе во април доаѓа средба од судбински карактер.

Здравје

Преморени сте, потрудете се да одмарате повеќе.