Стрелец

Стрелец (22. XI – 21. XII)

Работа

Не се чувствувате најдобро бидејќи не сте сигурни како да пристапите кон целата ситуација. Но, ве очекуваа многу промени кои ќе ви донесат успех. Оваа недела, вашите колеги ќе ја сфатат вашата вистинска вредност.

Љубов

Ако сте во врска, оваа недела малку ќе се сакате, малку ќе се расправате, но тие расправии се мали и воопшто не се страшни за врската. Во принцип, низ нестабилност доаѓа до стабилност, низ кавга доаѓа до страст и тоа ќе биде вашето мото. Неделава е навистина шарена, но носи низа убави моменти.

За слободните Стрелци, постои една личност која често мисли на вас. 

Здравје

Мала настинка.

Работа

Сериозно ја набљудувате професионалната ситуација па во вас се јавува чувство на загриженост и несигурност, но за среќа тоа е привремено. Финансиите полека се стабилизираат. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец ќе биде потребна голема толеранција од ваша страна за однесувањето на саканата личност. Пробајте да сфатите од каде доаѓаат некои работи, не осудувајте предвреме.

Ако сте слободни: Тактизирате на ова поле. Внимавајте да не останете со празни раце.

Здравје

Внимавајте на исхраната.

 

Работа

Оваа година ќе бидете многу посериозни на професионално поле, но тоа е само поради тоа што имате многу обврски кои не ги завршивте во 2019. На почетокот на годината ви доаѓа непријатно искуство кое ќе ви донесе голема лекција и ќе ве промени од корен. 

Ќе се осврнете на личните финансии и ќе сфатите колку е важно планирањето и штедењето. Доаѓа до убави промени, но ќе морате да го издржите почетокот на годината.

Љубов

Ќе се посветите на љубовта оваа година и ќе се потрудите да ги средите сите конфликти кои ве мачат од 2019. Вам ви е потребна повеќе слобода, но партнерот не го сфаќаше тоа досега, па ќе мора добро да се објасните.

Ако сте слободни, ќе бидете посветени на иднината и на тоа да најдете личност која сакате да биде дел од вашата иднина. Ќе сакате само нешто сериозно, а не авантури на кои бевте навикнати досега.

Здравје

Здравјето ќе биде стабилно, освен неколку депресивни моменти кои ќе ве мачат оваа година.