Стрелец

Стрелец (22. XI – 21. XII)

Вие вредите! Понеделничкото затемнување на Сонцето во вашиот сектор на доверба, управуван од Овен, ве ослободува од секое размислување што ве тера да мислите дека не сте достојни за љубов и припаѓање такви какви што сте. Не треба да правите или да добивате ништо! Вие сте достојни во моментов! Спојувањето Марс-Сатурн во среда во зоната на емоционалната интелигенција под контрола на Рибите ве предизвикува одговорно да управувате и да се движите низ тешките емоции. 

Работа

Не можете да се пожалите ниту на работата, ниту на заработката. Работите се одвиваат на одличен начин за вас, но вие останувате нетрпеливи. Ако се јават проблеми, тоа ќе биде поради вашата брзоплетост. Имате можност да остварите добра соработка со еден Овен или Лав. 

Љубов

Стрелците кои се во врска би можеле да се соочат со мали проблеми, па така, кавгите ќе бидат секојдневни. Не ви се допаѓа како се однесува саканата личност, па се трудите да и дадете отпор. Но, поработете на тоа да изградите подобро разбирање во врската.

Слободните Стрелци имаат страв од љубовта, но и страв од промени. Некои претставници размислуваат за втора шанса и обновување на некоја врска од минатото. 

Здравје 

Здравјето е релативно добро.

Бидете трпеливи, промените доаѓаат.

Работа

Планетите кои моментално го преминуваат вашето астрално небо се прекрасно избалансирани бидејќи тие сведочат и за вашата постојана желба да го подобрите своето секојдневие, но и за вашата способност да размислувате за вашите постапки на долг рок.

Со цел овој нов моментум да ве одведе на вистинското место, дајте си време да размислите и не избрзувајте со одлуките под никакви околности. Промените за кои размислувате најверојатно ќе вродат со плод, само доколку сте трпеливи.

Понеделник, 1 април, Меркур почнува да се движи во Овен, што влијае на вашата 5-та куќа на задоволството и креативното размислување. Можни се креативни блокади и нервоза во овој период, но не обвинувајте се себеси. Меркур е виновен! 

Во втората половина на април, немојте да се изненадите ако се чувствувате особено мотивирани од предизвиците пред вас и возбудени за вашата иднина. Знаете дека ги имате сите ресурси што ви се потребни за да создадете уште поисполнет живот.

Почетокот на сезоната на Биковите на 21 април ве поттикнува да се потрудите да најдете баланс во својот живот. Направете мала пауза од работата и посветете се на некое хоби. Не морате постојано да мислите на задачите кои чекаат на вас. 

Љубов

Венера влегува во Овен на 4 април, што ви носи огромен успех на ова поле. И покрај влијанието на ретроградниот Меркур, овој период е одличен за уживање во малите животни задоволства и наоѓање радост во моментот. 

Понеделник на 8 април младата месечина и затемнувањето на Сонцето во Овен внесуваат дополнителна доза на непредвидливост, особено кога Меркур сè уште е во ретроградна состојба. Додека затемнувањата на Месечината како минатиот месец може да значат ненадејни завршетоци, затемнувањата на Сонцето, иако се стресни, може да доведат до неочекувани нови почетоци. Подгответе се за романса! 

На 25 април, комуникативниот Меркур за среќа оди директно, подигајќи ја маглата во комуникацијата и овозможувајќи полесни интеракции со другите. 

Здравје  

Здравјето е добро овој месец. 

Време е за промени во вашиот живот!

Почетокот на 2024 година е возбудлив за Стрелците. Оваа година има потенцијал да ви донесе неверојатни резултати. Ќе имате голема сила, храброст, но и самодоверба што ќе ве направи вистински победници. 

Оваа година ќе бидете иновативни и самите ќе ги креирате промените во вашиот живот. Нема да чекате никој да го направи тоа наместо вас. На полето на љубовта ве очекуваат убави бранови на среќа. Преземате одговорност за своите постапки во љубовта и знаете што точно ви е потребно за да бидете среќни. Освен тоа, нежни сте и посакувани, без оглед на вашиот љубовен статус. Во текот на март, можни се мали фази на конфликти и нарушување на односите  во љубовта, за што ќе треба да бидете внимателни.

Веќе со години имате исти пријатели, но 2024 година ви носи и нови луѓе во вашиот живот. Имате потреба за промени, што ќе направи вашиот круг да расте во овој период. Тоа особено ќе биде интензивно во периодот на март. Но, важно е да бидете прилагодливи и да им покажете разбирање на другите, особено оние кои ви се долгорочни пријатели.

Годината која е пред нас е одлична за проширување на знаењето. Ако сте размислувале за промени на ова поле, ова е одлична година за дополнително знаење, студии или пак некој професионален курс. 

Немате причина за грижи! 

Работа

Оваа година е одлична за финансииите. Парите ќе се зголемат и покрај тоа што можеби помалку ќе работите на моменти. Ова е година во која многумина ќе ве поддржат и ќе ви покажат дека се тука за вас. Но и самите ќе знаете како да се поставите и да дојдете до успехот кој го заслужувате. 

Оние Стрелци кои се занимаваат со трговија ги очекува голем успех и добивка. Можно е и проширување на вашето работење. Вашата соработка исто така ќе биде на завидно ниво, а особено односите со странство.

Ако морате да донесете некоја важна професионална одлука, добро би било да ги слушнете советите на стручните и поискусни луѓе околу вас. Ако добиете можност да заработите пари на незаконски начин, не правете го тоа. 

Ако се соочите со одредени проблеми во работењето, имајте на ум дека тоа е само фаза и останете истрајни. Некои ваши противници би можеле да бидат љубоморни на вашиот успех. Стравовите во врска со вашата кариера ќе бидат нерационални, но ќе постојат. 

Поголем притисок на ова поле ве очекува меѓу април и август, што може да направи да се чувствувате преоптоварено, а некои Стрелци ќе бидат приморани да го напуштат своето работно место како резултат на ваквите проблеми. Септември е одличен месец за напредок во работата.

Љубов

Оваа година ќе биде одлична на полето на љубовта, но во одредени ситуации може да дојде до мали проблеми со саканата личност. Ако дојде до тоа, не долевајте масло на огнот, туку прифатете ја одговорноста за своите постапки. Од друга страна, во поголем дел од годината вашата љубов ќе цвета и другите луѓе ќе ви завидуваат за тоа како убаво функционирате со саканата личност. Ова е блажена година на ова поле за Стрелците кои се во стабилна врска.

Слободните претставници ќе имаат нов пристап во љубовта. Веќе нема толку да ве интересираат спонтаните авантури, туку ќе посакате и вие да ја најдете својата сродна душа. Дел од месеците ви носат потенцијал за тоа, па затоа бидете отворени за нови луѓе. 

Здравје 

Здравствената состојба ќе биде нормална и стабилна. На моменти ќе имате мали проблеми, но сето тоа е минорно. Март и април се одлични за вашето здравје. Потрудете се да останете посветени на зајакнување на вашиот имунитет. Ако се соочите со стрес или лутина, најдете начин да го канализирате тоа. Добро е да се држите подалеку од менталниот стрес, ако успеете во тоа.

Хороскоп по месеци

Јануари – овој месец ви носи убава енергија, а ако трагате по промени, тие доаѓаат. Во љубовта, доаѓа до промени кои ќе го однесат вашиот љубовен живот во нова насока. Но, некои фрустрации и понатаму ќе постојат. Престанете да се борите против ветерници и не се трудете да го менувате она што не можете да го смените.

Февруари – ова е месец во кој ви е потребна независност. Ако сте во врска, искомуницирајте го тоа отворено со саканата личност. Откако ќе направите пауза, ќе успеете да внесете свежина во вашата врска. Слободните Стрелци се шармантни и лесно ги освојуваат другите. Но, дали е тоа случај и со личноста од вашите соништа? Потрудете се повеќе.

Март – успевате да воспоставите сопствена динамика во вашиот живот, а оптимизмот ви помага да бидете успешни. Ако наидете на препреки, пристапете им смирено и побарајте поддршка од другите ако не можете да се соочите со проблемите сами. Овој месец, вашиот емоционален живот е возбудлив и богат. 

Април - Немојте да давате ветувања кои не можете да ги исполните. Ова е месец во кој ќе се навраќате на некои претходни искуства и ќе се трудите да научите некои важни лекции од вашето минато. Потребни ви се промени во секојдневието, но за тоа самите ќе треба да се погрижите.

Мај – повторно се враќа вашиот потенцијал. Ангажирани сте на сите страни, а на вашата сакана личност и е тешко да ве следи. Сакате да живеете целосно, ослободени од сите стеги, особено во работата. Тешко ви е да се носите со рутината.

Јуни – Доаѓаат можности, нови луѓе и идеи кои ќе ви помогнат да тргнете во насоката која ја посакувате. Дајте им на другите простор и место да бидат свои, не барајте да се менуваат поради вас. Можни се мали тензии со блиските, но кон крајот на месецот ќе имате можност да ги исправите работите.

Јули – Се чувствувате среќни и исполнети, но тешко ви е да го препознаете тоа. Најдете време за одмор или некое патување. Гледајте долгорочно на вашата среќа. Слободните Стрелци би можеле да се поврзат со интересна личност со силен интелект. Не се плашете од неа, не дозволувајте тоа да ја наруши вашата самодоверба, туку напротив, изборете се за да бидете со неа.

Август – Доаѓаат можности за напредување или промена на работното место. Вие најдобро ја знаете својата работа и овој месец нема да им дозволувате на другите да ви се мешаат во животот. Ѕвездите создаваат поволни околности и во вашиот живот носат една посебна личност. Но, некој од минатото би можел да ја загрози оваа убава можност, бидете внимателни. Зафатените Стрелци не знаат точно што сакаат, можен е крај на некои врски во овој период.

Септември – другите ве сметаат за недостапни, а вие само немате време за да ги завршите сите обврски и да се видите со сите луѓе кои сакате да ги видите. Пробајте подобро да управувате со својот распоред. Ако сакате да успеете, држете се до тоа. Некој проблем постои во вашата љубовна врска, но не можете уште долго да го игнорирате. Не разговарајте за минатото, за тоа што било, туку фокусирајте се на сегашниот миг и иднината која сакате да ја изградите со саканата личност. Вашиот шарм ќе ви помогне да напредувате во текот на овој месец.

Октомври – се прошируваат вашите контакти и успевате да запознаете влијателни луѓе во текот на овој месец. Врските се возбудливи и ветуваат многу. Во овие среќни околности, луѓето ви даваат идеи и поддршка со што успевате да напредувате. Некои односи се раскинуваат, но тоа е за добро. Минатото се оддалечува од вас и сега можете да ја планирате иднината. Вашиот оптимизам е искрен, но не ви веруваат сите околу вас.

Ноември – Енергиите ви помагаат да откриете еден дел од себе кој не сте го познавале претходно. Не губете време сонувајќи, туку делувајте свесно. Слободните Стрелци посакуваат љубов, но за да се создаде основа за тоа, потребно е време. Важно е да им дадете шанса на луѓето кои се трудат да ви пријдат. Имате зголемена желба за успех во текот на овој месец.

Декември – последниот месец од годините ги враќа сите работи во ред. Се создаваат услови за позитивни ситуации, но вие како да немате чувство дека сè е во ред. Не наоѓајте си маани и грешки, сè е како што треба да биде. Фокусирајте се на промените кои ги посакувате за себе во новата година. Слушнете ја својата интуиција, таа ќе ви даде одговор кои се вистинските луѓе во вашиот живот. Но, бидете подготвени и за компромис, не сте секогаш во право, имајте го тоа на ум.