Стрелец

Стрелец (22. XI – 21. XII)

Работа

Оваа недела влегувате во фаза на големи промени. Доаѓа до подобар начин на функционирање, што ќе ви дојде одлично во овој период. Ќе биде потребно само да надминете одредени предизвици, да се навикнете на промените и лесно ќе продолжите напред. 

Љубов

Ако сте во врска, оваа недела ќе успеете да остварите добар однос со саканата личност, но добро е да се активирате и посветите на тоа. 

За слободните Стрелци, постои можност за почеток на нова љубовна приказна и покрај тоа што околностите се лоши.

Здравје

Внимавајте во сообраќајот. Можни се и мали повреди.

Работа

Сериозно ја набљудувате професионалната ситуација па во вас се јавува чувство на загриженост и несигурност, но за среќа тоа е привремено. Финансиите полека се стабилизираат. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец ќе биде потребна голема толеранција од ваша страна за однесувањето на саканата личност. Пробајте да сфатите од каде доаѓаат некои работи, не осудувајте предвреме.

Ако сте слободни: Тактизирате на ова поле. Внимавајте да не останете со празни раце.

Здравје

Внимавајте на исхраната.

 

Работа

Оваа година ќе бидете многу посериозни на професионално поле, но тоа е само поради тоа што имате многу обврски кои не ги завршивте во 2019. На почетокот на годината ви доаѓа непријатно искуство кое ќе ви донесе голема лекција и ќе ве промени од корен. 

Ќе се осврнете на личните финансии и ќе сфатите колку е важно планирањето и штедењето. Доаѓа до убави промени, но ќе морате да го издржите почетокот на годината.

Љубов

Ќе се посветите на љубовта оваа година и ќе се потрудите да ги средите сите конфликти кои ве мачат од 2019. Вам ви е потребна повеќе слобода, но партнерот не го сфаќаше тоа досега, па ќе мора добро да се објасните.

Ако сте слободни, ќе бидете посветени на иднината и на тоа да најдете личност која сакате да биде дел од вашата иднина. Ќе сакате само нешто сериозно, а не авантури на кои бевте навикнати досега.

Здравје

Здравјето ќе биде стабилно, освен неколку депресивни моменти кои ќе ве мачат оваа година.