Риби

Риби (19. II – 20. III)

Работа

Добро би било да одложите некои работи и да сфатите дека ситуцијата е таква каква што е. Не се обидувајте да ја игнорирате реалноста, само потрудете се да се приспособите. Ако работите од дома, веројатно ви е тешко да се организирате, но крајот на неделата тоа ќе го надминете.

Љубов

Ако сте во врска  во која постои стабилност, не постои причина да го нарушите тоа во овој период. Можни се осцилации и проблеми во комуникацијата, но не дозволувајте тие никако да влијаат на вашата врска.

За слободните Риби, не е време за конечни одлуки. Бидете внимателни.

Здравје

Добро се чувствувате.

Работа

До вас стигаат многу информации, а комуникативни сте и тоа е добро, овој месец. Не ги земајте работите здраво за готово, особено оние кои се непроверени. Ќе почнете да размислувате за дополнителен приход, а на крајот на месецот ќе ви се укаже можност за тоа.

Љубов

Ако сте во врска: Односите со саканата личност се одлични. Тоа е она што ви треба во овој момент.

Ако сте слободни: Љубовта доаѓа преку еден член на семејството.

Здравје

Можни главоболки.

Работа

Оваа година носи остварување на плановите, особено оние кои се однесуваат на работата. Ако сте вложувале големи напори во изминатиот период, сега е време да ги соберете плодовите. Оваа година ќе ви биде наклонета од многу аспекти. Сепак, ќе бидете малку сомничави бидејќи сте поучени од искуството, од изминатата година.

Ова е и година на одлични пријателства со колегите, така што ќе воспоставите добар однос и дружењето ќе биде присутно како на работа, така и после работа.

Љубов

На ова поле, ќе бидете фокусирани на себе и на своите приоритети. 

Ако сте во врска, тоа ќе биде малку чудно за саканата личност, но ќе треба добро да објасните зошто ви е потребно тоа. Можни се мали конфликти поради љубомора особено во текот на летните месеци, но ако врската е силна многу лесно ќе ги надминете.

За слободните Риби, друштвените мрежи ви нудат можност да започнете романса. 

Здравје

Зголемете го внесот на калциум и внимавајте на коските.