Рак

Рак (21. VI – 22. VII)

Работа

Оваа недела ви носи убави резултати на ова поле. Можни се и преговори за унапредување или промена на работното место. Колегите повремено ќе ве нервираат, но потрудете се да го игнорирате нивното мешање.

Љубов

Најдобриот совет за вас оваа недела е да не очекувате чуда и бајки во односот со саканата личност. Помирете се со тоа што го имате или заминете си. Партнерот не е совршен, но не сте ни вие. Слободните Ракови ќе уживаат во флертот со некој од колегите.

Здравје

Променете го начинот на исхраната.

Работа

Ако се сосредоточите на тоа што го сакате, успехот е загарантиран. Целиот месец ве очекуваат добри вести, па затоа направете соодветна стратегија и искористете ги во своја полза. Sвездите се на ваша страна, но не занемарувајте ги и останатите аспекти на успехот. 

Финансиите никако да ви бидат доволни и овој месец, но научете да располагате со тоа што го имате.

Љубов

Ако сте во врска: Искористете го овој период за да му се заблагодарите на партнерот за сета поддршка и да покажете колку ви значи тоа. Некои зафатени Ракови ќе се чувствуваат како љубовта полека да ги напушта, но нема потреба за грижи предвреме. 

Ако сте слободни: Ќе бидете многу непостојани и нема да ве држи место. Ова е идеален месец за запознавање нова личност, но ќе треба да излезете и да ги отворите очите. Лесно ќе ги препознаете потенцијалните партнери.

Здравје

Изминатите месеци претеравте со работа, па сега е време да успорите и добро да се одморите.

Работа

По особено тешката година низ која поминавте, време е за ретроспектива и собирање на резултатите. Веќе на 10 јануари доаѓа до реализација на плановите кои ги имавте во 2019. Веќе ќе ги нема работите кои ви одземаа многу време, па ќе можете полесно да дишете. 

Потребно е да се тргнете од ризиците и да се фокусирате само на она што ви е важно, оваа година. На полето на финансии, доаѓа до благ раст кој ќе ви дојде добро да ги реализирате саканите планови. 

Љубов

На ова поле, ако сте во врска или брак, добро би било да се преиспитате и да разговарате со саканата личност за тоа како да продолжите понатаму. Во последно време, ви пречат многу работи но треба да седнете и да разговарате искрено. 

Многу Ракови ќе посакаат слобода и ќе донесат одлука да ја прекинат врската. 

Ако сте слободни, првите три месеци ви носат можност да влезете во врска. Ако не ја искористите таа прилика, можна е промена на љубовниот статус дури на есен.

Здравје

Ќе ви падне виталноста во текот на првите месеци, а можни се и проблеми со желудникот. Внимавајте на своето здравје.