Рак

Рак (21. VI – 22. VII)

Работа

Во оваа недела влегувате со чувството дека нешто треба да се промени. Средината на неделата ќе ги придвижи работите напред и конечно да видите прогрес. Доѓаат промени, но ќе треба да видите како ќе ги пречекате, од вас зависи.

Љубов

Нешто ви пречи кај партнерот па молчите. Не се грижете и на другата страна и пречи нешто, но и таа молчи. И двајцате бегате од проблемите, но нема да можете така долго. Сепак, проблемите не се решаваат со правење нов проблем и затоа ќе ви биде потребен добар пристап. 

За слободните Ракови, постои една личност, но потрудете се да покажете дека сте заинтересирани и дека не се плашите од љубовта.

Здравје

Ова е напорна седмица за вас. Одморете се и релаксирајте се добро.

Работа

Ако се сосредоточите на тоа што го сакате, успехот е загарантиран. Целиот месец ве очекуваат добри вести, па затоа направете соодветна стратегија и искористете ги во своја полза. Sвездите се на ваша страна, но не занемарувајте ги и останатите аспекти на успехот. 

Финансиите никако да ви бидат доволни и овој месец, но научете да располагате со тоа што го имате.

Љубов

Ако сте во врска: Искористете го овој период за да му се заблагодарите на партнерот за сета поддршка и да покажете колку ви значи тоа. Некои зафатени Ракови ќе се чувствуваат како љубовта полека да ги напушта, но нема потреба за грижи предвреме. 

Ако сте слободни: Ќе бидете многу непостојани и нема да ве држи место. Ова е идеален месец за запознавање нова личност, но ќе треба да излезете и да ги отворите очите. Лесно ќе ги препознаете потенцијалните партнери.

Здравје

Изминатите месеци претеравте со работа, па сега е време да успорите и добро да се одморите.

Работа

По особено тешката година низ која поминавте, време е за ретроспектива и собирање на резултатите. Веќе на 10 јануари доаѓа до реализација на плановите кои ги имавте во 2019. Веќе ќе ги нема работите кои ви одземаа многу време, па ќе можете полесно да дишете. 

Потребно е да се тргнете од ризиците и да се фокусирате само на она што ви е важно, оваа година. На полето на финансии, доаѓа до благ раст кој ќе ви дојде добро да ги реализирате саканите планови. 

Љубов

На ова поле, ако сте во врска или брак, добро би било да се преиспитате и да разговарате со саканата личност за тоа како да продолжите понатаму. Во последно време, ви пречат многу работи но треба да седнете и да разговарате искрено. 

Многу Ракови ќе посакаат слобода и ќе донесат одлука да ја прекинат врската. 

Ако сте слободни, првите три месеци ви носат можност да влезете во врска. Ако не ја искористите таа прилика, можна е промена на љубовниот статус дури на есен.

Здравје

Ќе ви падне виталноста во текот на првите месеци, а можни се и проблеми со желудникот. Внимавајте на своето здравје.