Рак

Рак (21. VI – 22. VII)

Работа

Многу работи ќе доцнат оваа недела и тоа ќе ве фрустрира. Намалете ја тензијата и едноставно прифатете дека тоа е така. Работите ќе почнуваат да се решаваат на почетокот на следната недела.

Љубов

Убава недела за љубов. Супер функционирате со саканата личност. Нема големи гестови и емоции, но немате за што да се жалите.

За слободните Ракови, една средба со личност од минатото може да биде многу интересна. 

Здравје

Можни се настинки.

Работа

Внимавајте на провокации од колегите, бидејќи овој месец ќе ги има во голема мера. Неопходно е да направите голем напор за да ги избегнете и да се фокусирате на тоа што ви е важно. Сепак, овој период ви носи многу добри резултати и плодови од изминатиот период.

Љубов

Ако сте во врска: Избегнувајте ги кавгите со саканата личност овој месец, ако не сакате вашата врска да заврши одеднаш. Своите потреби ставете ги на второ место и покажете дека сте тука за саканата личност, на која очигледно и е потребна вашата поддршка.

Ако сте слободни: Овој месец  за вас интерес ќе покажат личности родени во земјен знак.

Здравје

Можни се повреди.

Работа

По особено тешката година низ која поминавте, време е за ретроспектива и собирање на резултатите. Веќе на 10 јануари доаѓа до реализација на плановите кои ги имавте во 2019. Веќе ќе ги нема работите кои ви одземаа многу време, па ќе можете полесно да дишете. 

Потребно е да се тргнете од ризиците и да се фокусирате само на она што ви е важно, оваа година. На полето на финансии, доаѓа до благ раст кој ќе ви дојде добро да ги реализирате саканите планови. 

Љубов

На ова поле, ако сте во врска или брак, добро би било да се преиспитате и да разговарате со саканата личност за тоа како да продолжите понатаму. Во последно време, ви пречат многу работи но треба да седнете и да разговарате искрено. 

Многу Ракови ќе посакаат слобода и ќе донесат одлука да ја прекинат врската. 

Ако сте слободни, првите три месеци ви носат можност да влезете во врска. Ако не ја искористите таа прилика, можна е промена на љубовниот статус дури на есен.

Здравје

Ќе ви падне виталноста во текот на првите месеци, а можни се и проблеми со желудникот. Внимавајте на своето здравје.