Рак

Рак (21. VI – 22. VII)

Што му е потребно на вашето срце? Понеделничката врска Меркур-Хирон ви помага да ја признаете професионалната желба и ве поттикнува храбро да ја следите. Сезоната на Бик започнува во петок, обезбедувајќи дружење и поврзување со заедницата што ви недостасува. Ова се зголемува дополнително со конјункцијата Јупитер-Уран во сабота, затоа видете се со вашите луѓе и препуштете се на забавата.

Работа

Тврдоглави сте во однос на некои прашања, но и активности кои треба да ги преземете. Би било добро да заборавите на конфликтите од минатото и да продолжите напред. Имате впечаток дека некој нешто ви наметнува, но од друга страна, правите сè за да ја постигнете својата цел. Партнерот е склон кон трошење, па затоа вие сте внимателни и го правите она што е потребно. Имате голема поддршка од близок пријател, покажете им колку ви значи тоа. Можно е ветување од нивна страна за подобро платена работа. 

Љубов

Раковите кои се во врска чувствуваат мала лутина кон саканата личност. Но, имајте на ум дека тие не можат да ви ги читаат мислите. Партнерот е ангажиран во други активности и тешко ви е да се разберете овој период. Но, важно е да бидете тука за нив.

Слободните Ракови би можеле да придобијат една посебна личност. Веројатно станува збор за познанство преку интернет. 

Здравје 

Можно е нарушено расположение, минувајте повеќе време во природа.

Април ви носи нова љубов.

Работа

Почетокот на април ви ја носи младата Месечина која носи нови почетоци на ова поле. Постојат многу шанси за напредок во кариерата овој месец, така што барем во првата недела ќе треба да заборавите на одморот, бидејќи ќе бидете зафатени и посветени на своите соништа.

Но, имајте на ум дека месецот започнува со ретроградниот Меркур на 1 април. Планетата на комуникацијата ќе патува низ вашата десетта куќа на социјален статус, па затоа ќе треба да се подготвите за одредени доцнења и нестабилности на ова поле. 

До 4 април, Венера ќе навлезе во амбициозниот Овен, што ќе ви донесе дополнителни кариерни можности. Но, со ретроградниот Меркур во игра, потрудете се да одите чекор по чекор и со добро смислени потези. 

Вашата астрална спојка сугерира дека вашата потреба за новини ќе биде најприсутна на работа. Загрижени сте за квалитетот на вашата работа, но и вашиот генерален ангажман и мотивирани сте да направите повеќе, па затоа ќе бидете подготвени да ги понудите вашите услуги за дополнителна работа и ангажман. 

На 8 април ни доаѓа младата месечина и соларна еклипса во Овен. Еклипсите се вообичаено период на трансформација, што може да донесе некои непредвидени можности, особено во вашиот сектор на јавен имиџ. Кога Сонцето ќе влезе во Бик на 21 март, ќе бидете поттикнати малку да одморите и да се посветите на своите пријатели. 

Крајот на месецот на 30 март, Марс влегува во својот домашен знак Овен, што ви носи огромна можност да ги исполните своите цели. Ова е период во кој ќе ги соберете плодовите од вашата напорна работа. 

Љубов

Длабоко сте приврзани за вашиот вредносен систем и немате намера повеќе да се задоволувате со ситуација која навистина не ви одговара, дури и ако ќе бидете доволно разумни во наредните недели за да не се вознемирувате дополнително. Сепак, јасно е дека промените ќе бидат на дневен ред овој април во вашиот љубовен живот За да се придвижат работите, ќе бидете подготвени да вложите какви било напори, дури и ако тоа значи да се преиспитате некои од вашите најдлабоко вкоренети верувања. Вашите комуникациски вештини и емпатија ќе ви овозможат мирно да им објасните на вашите најблиски што ви е важно во овој период. Свесни за трансформациите што се случуваат во вас, тие ќе бидат во подобра позиција да ви ја дадат поддршката што ви е толку потребна за да се чувствувате среќни.

Полната Месечина во Шкорпија на 23 април ја активира вашата петта куќа на задоволство. Ова е одличен период да се препуштите на уживањето. Целта е да се чувствувате добро, што и да значи тоа за вас. 

Околу 29 април кога Венера влегува во Бик постои можност да развиете симпатии кон некоја нова личност во вашиот живот. Тоа може да е и пријател или некој кој добро го познавате.  Ова е и најдобар ден за љубов. Со присуството на Нептун, можно е да почнете да си правите одредени сценарија, но за среќа, саканата личност ќе биде тука за да ве смири и да ви даде поддршка. Слободните имаат можност да запознаат една посебна личност на овој ден. 

Здравје 

Не допуштајте да ве зафати меланхолија. 

Ова е важна година за вас!

Благодарение на Јупитер, кој е познат како планета на среќата и изобилството, ќе блескате на работното месот. Вашата популарност се зголемува. Што се однесува на вашата финансиска состојба, не морате да се грижите. Оваа година ќе бидете во одлична финансиска положба. Ѕвездите се на ваша страна уште од мај.

Имате огромна сила и храброст да го постигнете и невозможното, а ако ви е потребна поддршка од другите, не се плашете да ја побарате. Оваа година повторно ќе ви донесе благослов на полето на љубовта и  брачниот живот.  Ќе се подобри и вашиот социјален живот, со тоа што ќе бидете заинтересирани повеќе да излегувате и да запознавате нови луѓе.

Но, истовремено ќе се зголемува и вашата одговорност. Затоа, постои можност за стрес и напнатост, за што ќе треба да водите сметка. Внимавајте што зборувате и кому. Нешто што е особено важно е доброто планирање на трошоците. Иако новата година најавува добра финансиска состојба, сепак ќе треба да бидете внимателни колку трошите. Нека ова биде година во која конечно ќе успеете да штедите.

Работа

Ова е година која ќе биде многу добра за Раковите, а тоа особено се однесува на финансиите. Ве очекува и добра атмосфера на работното место, што често за вас е клучен фактор за да се чувствувате добро на ова поле. Ако дојде до губење пари, не правете ништо без претходно планирање и консултации со оние кои подобро го разбираат ова поле од вас.

Сепак, генерално гледано, ова е одлична година за вас. Ќе патувате често поради работата и тоа ќе внесе дополнителна позитивна енергија во вашиот живот. Би можеле често да се соочувате со конкуренција на работното место, но не обрнувајте премногу внимание на тоа. Само работете ја својата работа и посветете се на сопствениот успех.

Како резултат на напорната работа, во средината на годината би можеле да добиете понуда за нова работа. Периодот меѓу февруари и март, како и ноември и декември ќе се покаже како особено важен за вашата работа. Ако барате нова работа, најголем успех во тоа ќе имате во септември или декември.

Оваа година е исполнета со големи достигнувања за оние Ракови кои се занимаваат со приватен бизнис. Исто така, голем успех ги очекува и оние кои пишуваат или творат.

Љубов

Оваа година ќе биде незаборавна за вашиот љубовен живот, бидејќи ќе направите чекор напред во врската. Резултатите од тоа ќе бидат подобра љубовна врска и целосна доверба со саканата личност. Важно е само да не се трудите да бидете доминатни по секоја цена и да не ја наметнувате својата волја на саканата личност.

Ако сте сами а тајно заљубени во друга личност, планетите ве советуваат да ги признаете своите чувства. Во текот на годината, ќе имате повеќе можности за љубов, но најважно е да одлучите што ви е потребно од другата страна. Не ја прифаќајте љубовта само за да не бидете сами, особено со луѓе за кои сте свесни дека не ви одговараат.

Здравје  

Вашето здравје ќе биде добро, но тоа не значи дека сосема треба да заборавите на здравата храна и физичката активност. Ако се соочувате со стрес, токму здравите навики ќе ви помогнат да ги надминете потешките периоди и да останете физички и ментално здрави.

Ако патувате често, грижете се за своето здравје на овие патувања и носете облека која е соодветна на временските услови. Можни се главоболки во периодот од јули до септември, а во ноември, сезонски болести кои би можеле да се резултат на опаднатиот имунитет.

Хороскоп по месеци

Јануари – продолжувате да се развивате во позитивна клима. Имате поволен однос со оние кои имаат моќ на вашето работно место и веќе  не ви е толку тешко да комуницирате со нив. Освен тоа, трпеливи сте и делувате рационално, имајќи ги на ум околностите во кои работите. Овој месец ви носи променливо расположение. На моменти ќе бидете мотивирани, а потоа ќе ви биде тешко да се справите со сите очекувања на околината. Затоа, најдобро е да најдете баланс и да се одморите кога тоа ви е потребно.

Февруари – напредокот е гарантиран во текот на овој месец. Се чувствувате дека сте на вистинскиот пат. Енергиите ве поттикнуваат да експериментирате со различни решенија или пак да го искористите своето искуство. Овој месец немојте да бидете тврдоглави и пробајте да останете фокусирани на успехот, но земете ги предвид и мислењата на другите околу вас. Ако сте сами, потребна ви е стабилна личност. Големи се шансите да сретнете интересна личност, но не сте сигурни дали тоа е најдоброто решение за вас.

Март – успевате да најдете време да ги реализирате своите проекти и да запознаете нови луѓе. Сепак, тешко ви е да препознаете дека работите полека си доаѓаат на свое место. Планетите ви се наклонети, а ја имате и поддршката на најблиските. Што друго ви е потребно? Можно е да се чувствувате беспомошно и изгубено, па затоа добро би било да најдете активности кои ви одговараат. Посетете психолог ако тоа ви е потребно.

Април – овој месец, вашиот успех лежи во вашата способност да ги работите работите според своето темпо. Бидете сериозни, но и добро набљудувајте ги околностите околу вас. На тој начин градете ги и односите со другите луѓе. Ако некој се обидува да ви попречои во работата, издржете до крајот на месецот. Не се обидувајте да ги контролирате сите работи, бидејќи така само ќе се изморите.

Мај – овој месец, вашата врска е во цут. Вашите пријателства се исто така цврсти и солидни. Околу себе имате луѓе на кои можете да им верувате. Немојте да паничите ако луѓето влезат во некаков конфликт со вас. Некогаш конфликтите се добри за да се надминат работите за кои се молчело долго време.

Јуни – се чувствувате како некои ситуации да ја губат својата вредност и тешко ви е да најдете смисла во своето секојдневие. Јуни е месец во кој ќе треба да направите мала пауза и да направите краток пресек на изминатите месеци. Најдете нова мотивација за да ги исполните своите цели. Иако вашата врска е цврста, се чувствувате како нешто да ви недостасува.

Јули – Енергијата околу вас е измешана, а тоа влијае на вашето расположение. Не сте сигурни зошто другите се однесуваат така како што се однесуваат, но треба да имате на ум дека тоа нема никаква врска со вас. Не сте личност која прави врева за ништо, но ако треба да имате важни разговори, од суштинско значење е да го направите тоа, особено за луѓето кои ви значат. Иновативни сте и лесно ги инспирирате другите околу себе.

Август – потребна ви е мала дистанца со другите. Имате некакво чувство на празнина и не знаете како да го пополните. Но, луѓето ви се наклонети и можете да сметате на нивната поддршка. Ова е интензивен период на полето на работата, но никогаш не заборавајте на себеси. Некои луѓе можеби не ве разбираат, но најважно е вие самите да си се разберете и да си дадете поддршка и разбирање.

Септември – Вашите разговори се конструктивни, а во вашиот живот се враќаат некои луѓе кои ве оставиле без објаснување. Но, ветувањата се исполнети и се чувствувате како да сте на вистинскиот пат. Слушајте што ви зборуваат другите и гледајте ги ситуациите околу вас. Успевате да ги завршите сите обврски, но важно е да не се префорсирате.

Октомври – енергијата на планетите ве поттикнува да преземете иницијатива и да ризикувате. Тоа ќе ви помогне да се надминете себеси. Ако имате потреба од пауза, направете го најдоброто за себе. Крајот на месецот ви носи убави вести.

Ноември – Некој се труди да ве дестабилизира. Нивниот однос е студен, а вие не разбирате зошто таа личност се однесува така. Овој месец, ако чувствувате дека луѓето се оддалечени или помалку екстровертни, немојте да им се лутите. Секој го прави најдобро за себе. Ако треба да донесете важни одлуки, не брзајте никаде. Бидете издржливи и трпеливи.

Декември – Во овие околности, потребно е да планирате долгорочно. Искусете ги новите можности и дозволете си нова инспирација која ќе ве донесе кон успеси. Подобро поминувајте го времето со саканата личност и вашите пријатели и фокусирајте се на квалитетот. Ако сте сами, можно е една пријателска врска да се претвори во љубов.