Овен

Овен (21. III – 19. IV)

Среќен роденден, Овен! Затемнувањето на Месечината во Вага во понеделник се обидува да ви подари љубов. Давате и примате љубов, особено со луѓе кои ги предизвикуваат вашите очекувања и или кои не се вашиот вообичаен „тип“. Размислете како можете да го интегрирате реципроцитетот во вашата динамика, особено кога вашите предизвици се судираат со нивните силни страни, а нивните склоности се во конфликт со вашите ранливости.

Работа

Ова е активна седмица за вас во која ќе се фокусирате на најважните активности, особено во врска со недвижности, отплата на кредит или склучување нови соработки. Ќе имате голема помош од еден Јарец или Бик. Можна е и солидна средба со една Вага. 

Љубов

Оваа недела, оние кои се во врска и натаму ќе чувствуваат напнатост во љубовните односи, но меѓусебните страсти ќе бидат нагласени, па можни се конфликти со ксаната личност.

Слободните ќе имаат повеќе среќа во љубовта. Би можеле да се запознаат со нова личност и да влезат во врска. Ви годи друштвото на Биковите, Вагите и Шкорпиите.

Здравје

Можен е пад на имунитетот. 

Вашата сезона почнува овој месец.

Работа

Овој месец ви носи и можност да најдете јаснотија околу една важна тема, особено нешто што ве држело будни во текот на изминатиот период. Меркур влегува во вашиот знак на 9 март, па така ќе бидете насочени кон успехот. Следниот ден, со мистериозната млада Месечина во Риби, ќе добивате мудрост, но не дозволувајте да се истоштите со многу идеи. Сосема во ред е да одморите ако тоа ви е потребно. 

Сонцето влегува во вашиот знак на 21 март, а како прв знак во хороскопот, ова е одличен момент за нов почеток. Овој датум го означува и почетокот на астролошката нова година, а важно е да се најде баланс и да бидете присутни во сегашниот момент. Работете на тоа да останете посветени на целите, но и да најдете радост во малите моменти. 

Ова е важен месец за заработка, бидејќи лесно ќе доаѓате до финансии, но само низ работата каде темелно и посветено ќе бидете посветени. Особен успех ги очекува Овните кои работат на полето на градежништвото, храна, пекари и ресторани, архитектура, економија. Меѓутоа, не трошете премногу, бидејќи ќе ви бидат потребни пари. Ако работите со странство, ова е важен период за промена на работата. Истото се однесува и за оние кои работат на полето на образованието. 

Љубов

Март би можел да ви донесе мала нервоза во текот на овој месец, но и несигурност во љубовните односи. Вашиот најголем предизвик овој месец е да најдете баланс. Предизвикајте се себеси да се грижите за себе, но и да им пружите љубов на оние кои го заслужуваат тоа. 

Романтичната Венера влегува во Риби на 11 март, што ќе ве поттикне да ги изразите своите чувства на креативен начин. Овој период е како поезија во вашиот живот, без оглед на вашиот љубовен статус. Некои Овни ќе бидат поемотивни од вообичаено. 

На 22 март, ќе бидете порелаксирани во вашите партнерства. Венера буди убава енергија во вас, а со усогласувањето со Марс во Риби, ќе се чувствувате посакувани и ценети од другите. 

На 25 март ни доаѓа полната Месечина која може да биде хаотичен настан. Ако се чувствувате несигурни во љубовта, со оглед на тоа се случува во вашата седма куќа на партнерства. Можни се предизвици на ова поле. На 31 март кога Веста, астероидот на духовноста ќе влезе во семејно ориентираниот Рак, што ќе ве поттикне да бидете сами и да барате мир на тој начин. 

Оние кои се родени на почеток на месецот ги очекуваат одлични работи. Можеби ќе стапите во брак, ќе бидете изненадени со бременост или пак ќе се смирите со личност од минатото. Ако сте слободни, некој кој ви се допаѓа, ќе иницира успех. Многумина се трудат да се мешаат во вашите одлуки, но важно е да барате мислење само од оние кои ви се најблиски.

Здравје

Пијте повеќе чаеви и јадете овошје и зеленчук.

Одлична година за родените во овој знак!

Големи се шансите оваа година да ги подобри вашите финансиски резултати кои ќе бидат над вашите очекувања. Освен тоа, ќе успеете да ги надградите своите вештини, а како резултат на тоа ќе бидете наградени со зголемување на платата. Вашиот живот ќе биде исполнет  и со забава, романса и возбудливи моменти. 

Работа

Оваа година носи променливи околности во вашата финансиска состојба. Почетокот на годината носи одлична материјална состојба, но истовремено ќе пораснат и вашите трошоци. Ако не ги контролирате ваквите трошоци, тоа би можело да ви донесе финансиска криза. 

Не им верувајте премногу на другите кога станува збор за парите, туку водете се од сопствената интуиција и знаење. Ако работите со странство, тоа ќе ви донесе добар приходи. Средината на годината ви носи подобрена финансиска состојба, а за оние кои се заинтересирани за вложување, ова е одличен период за тоа. Ако работите во приватниот сектор, оваа година ви носи напорна работа, но и одлични резултати. Вашите надредени ќе бидат импресионирани од вашата работа. Но, поради работата, може да се случи да сте често отсутни од домот. Држете се подалеку од озборувања и политика на работното место. Не се вложувајте во полемики бидејќи тоа може само да создаде негативна слика за вас. 

Ако започнете нов бизнис, вашиот владетел ви носи голема храброст, а Јупитер ви помага да ги подобрите односите со странство. По мај, можно е да  бидете унапредени и преместени на друго работно место. Во овој период ќе бидете на врвот во својата професија. 

Оваа година ќе имате и повеќе можности да патувате во странство. 

Љубов

Вашиот љубовен живот ќе биде стабилен во текот на 2024 година. Нема да дојде до поголеми промени во вашиот живот. Само важно е да бидете јасни во комуникацијата, без оглед на вашиот љубовен статус. 

Понекогаш сте водени од егото, а тоа влијае на вашиот однос со другите. Тоа не само што носи проблеми во врската, туку може и да ве оддалечи од саканата личност или личноста која ви се допаѓа. 

Ако сте во врска, можни се мали конфликти, но генерално, вашата врска ќе биде стабилна во текот на целата година. Ако сте во брак, потрудете се да внесете романса во вашиот живот. Можни се вести за проширување на семејството.

Слободните Овни ќе имаат многу можности да запознаат нови луѓе. Најдобро време за тоа е февруари. Оние кои ја бараат совршената личност, ќе успеат во тоа. 

Здравје  

Новата година носи добро здравје, но ќе треба да вложувате сеиозен напор да се изборите со стресот. Ќе бидете енергични и добро расположени, а во јануари и февруари можни се промени во вашите навики поврзани со здравјето. 

Пробајте да се храните поздраво, за да избегнете здравствени состојби кои би можеле да ве чинат многу. Можни се и проблеми со дебелина, па затоа обрнете внимание на физичката активност. 

Хороскоп по месеци

Јануари – Овој месец е бавен, па така веројатно ќе оставите некои работи за подоцна во годината. Вашиот успех би можел да биде одложен од нејасни причини. Она што ќе го кажете може да предизвика контрирање од страна на другите, но потрудете се да останете смирени. Во текот на јануари, вашето трпение би можело да биде ставено на тест. Преземајте иницијатива на работното место, но бидете внимателни. На лично поле, вашите желби се исполнуваат и ќе бидете среќни. 

Февруари – Се проширува вашето поле на делување на работното место, но поттикнати сте и да се ослободите од некои ситуации кои не ви одговараат. Посакувате работите да се променат и тоа ќе се случи, но со вашиот напор и залагање. Ова е месец во кој страста ќе ви биде на прво место и ќе бидете посветени на уживањето. Сега е време за добро размислување и планирање.

Март – Нешто ве турка кон тоа да го трансформирате својот живот. Охрабрени сте да преземете иницијатива за да дојдете до промени. Фокусирајте се на своите цели и потврдете ги своите намери за да знаете што точно ви е потребно во вашиот живот. Дајте им време и покажете разбирање за оние околу вас кои ја немаат истата енергија. Ако сте слободни, би можеле да запознаете прекрасна личност, која ќе ви се допадне, но не доволно за да започнете врска. Затоа, најдобро е да бидете искрени. Можни се пријатни изненадувања во текот на овој месец.

Април – Се наоѓате во фаза на целосна обнова. Се борите против своето минато и сакате да живеете сосема поинаку од претходно. Тргнете чекор по чекор. Ако некој се однесува како да не ве разбира, би можеле да бидете импулсивни и да се расправате, но добро е да сфатите дека нема потреба за тоа. Не сакате конвенционална врска, туку потребни ви се промени. 

Мај – Нешто ве поттикнува да се изборите против она што ви ја краде слободата. Вашите реакции ќе бидат поинтензивни и поимпулсивни од вообичаено. Овој месец ви носи важни можности, но ќе треба да ги пренесете во пракса. Мај е и месец на преиспитување, носење одлуки и заземање ставови. Вашата оригиналност ќе ги привлекува другите.

Јуни – Среќата ви се насмевнува овој месец. Тоа ви носи и важни можности кои треба да ги искористите. Донесувајте одлуки, но немојте да ја одложувате имплементацијата. Потрудете се да ги слушнете другите и да не делувате сами. Ова се однесува на секој аспект од вашиот живот. 

Јули -  се зголемуваат вашите можности. Ве очекуваат убави средби и познанства. Ќе бидете мотивирани да успеете и да им докажете на другите колку вредите. Но, ако сте во врска, ќе морате да го задржите балансот и да не заборавите на саканата личност. Најдете време за одмор во текот на овој месец.

Август -  имате многу енергија и инспирирани сте да внесете промени во вашиот живот. Но, посакувате и да не се занимавате со минатото и иднината и да живеете во сегашниот момент. Тоа од вас зависи. Некои луѓе не ви се јасни и тоа ве фрустрира, но можеби е најдобро да се држите на дистанца од нив. Не користете сила и не се докажувајте со никого. Во љубовта, ви годи шармот на саканата личност или пак на некоја посебна личност која се трудите да ја освоите. Ова е месец во кој не треба да ги слушате советите од другите.

Септември – имате за цел да остварите пријателски односи со своите професионални партнери. Ќе бидете насочени кон оние активности кои ви носат успех. Ако се случат некои неочекувани ситуации, останете рационални и сфатете дека ова е само фаза. Ако сте сами, имате големи шанси да запознаете врска со една нежна личност.

Октомври – имате поддршка од планетите за да дојдете до успехот кој го посакувате. Некои Девици ќе најдат радост во активностите кои се надвор од нивното работно место. Обрнете повеќе внимание на саканата личност и бидете тука за нив. Слушнете ги нивните потреби и чувства. 

Ноември – потребно е да извршите некои неопходни трансформации кои се суштински важни за вас. Имате позитивно влијание на другите околу вас. Отворете се за нови активности кои ќе ви донесат среќа. Вашиот заразен ентузијазам ќе ги поттикне другите да ви веруваат. Наместо да ги игнорирате желбите на саканата личност, сослушајте ја добро.

Декември – ги земате работите во свои раце. Имате доста можности за успех, но треба да го изберете најдоброто за себе. За да ги надминете препреките, ќе треба да се впуштите во нови активности кои ќе ви донесат и големи победи. Во љубовта, можни се средби со луѓе кои ви одговараат.