Овен

Овен (21. III – 19. IV)

Работа

И покрај загриженоста кај вас, сепак постојат работи на кои едноставно не можете да влијаете и морате да го прифатите тоа. За среќа, ќе успеете добро да се организирате и да се фокусирате на работите кои мораат да се завршат, па на крајот на неделата тоа ќе ви донесе големо задоволство.

Љубов

За оние кои се во врска, партнерот е склон да каже и што мисли и што не мисли, а вие некако пребурно реагирате на тоа. Нервозата и ваквата енергија ќе придонесат кон тоа да доживеете силен емоционален потрес во врската во текот на оваа недела. Ситуацијата ќе делува прилично драматично, но не дозволувајте тоа да доведе до крај на врската. Сепак, за некои Овни тоа ќе биде неизбежно.

Слободните Овни ќе бидат затворени во 4 ѕида, но можен е контакт преку социјалните мрежи со повеќе личности, кои се потенцијални кандидати за врска кога сето ова ќе заврши.

Здравје

Нервоза, проблеми со спиењето и склоност кон повреди.

Работа

Почетокот на месецот, односно 4 април ви носи хармонија во комуникацијата. Договорите со колегите и клиентите ќе одат лесно, а вие ќе бидете посмирени од вообичаено. Комуникацијата ќе биде зачестена, па ќе се трудите да одговорите на сите. Можни се и дополнителни финансии, ако некој ви должи пари.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец комуникацијата се подобрува. Се прават планови за иднината, а вам тоа ви годи.

Ако сте слободни: Овој месец нема да се посветите на љубовта, туку на пријателствата кои ви се ставени во прашање, од некоја причина.

Здравје

Стабилно.

Работа

Во новата година, ќе навлезете полетно, бидејќи вашата планета е во поволен аспект со Сонцето. Ќе бидете мудри, филозофски настроени, спремни за акција или авантура, многу тешко ќе им биде на другите да го следат вашето темпо. На работа ќе бидете лидер и тоа ваквата состојба ќе трае до март. 

Потоа, на 29 март доаѓа време да се посветите на проблемите кои долго време чекаат на ред. Тогаш сериозно ќе се посветите на вашите професионални активности и ќе бидете успешни.

Кога станува збор за работата, оваа година ќе биде многу успешна за вас. Поддршката на авторитетите нема да изостане и постојано ќе правите чекор напред. Уживајте во успехот.

Љубов

За зафатените Овни, оваа година носи многу предизвици. Причина за тоа се потешкотиите во комуникацијата со саканата личност. Некако, како навистина да ќе ви биде тешко да се разберете. Ќе се тврдоглавите еднакво и некако ќе се борите за контрола во врската. 

Лекцијата која ќе морате да ја совладате е како да бидете во врска и да се носите со партнерството. 

Ако сте слободни, оваа година носи созревање на ова поле. Можна е судбинска средба со личност која ќе има значително поразлични ставови од вас.

Здравје

Препораката е да внимавате на повреди, особено на главата, колената и зглобовите.