Јарец

Јарец (22. XII – 19. I)

Работа

Не ви се допаѓаат некои постапки на колегите, но оваа недела не сакате да им дадете внимание. Оваа недела ќе ги повлечете вистинските потези и ќе ги кажете вистинските зборови. Тоа е одлично!

Љубов

Саканата личност ви дава многу љубов и поддршка оваа недела, а тоа ќе ви годи. Вие не возвраќате со иста мера, но важно е дека сте тука.

Слободните Јарци постојано мислат на некого од минатото. Контактот постои, но дали ќе дојде до обнова на врската, самите одлучете.

Здравје

Подложност на настинки. Можни се и проблеми со кичмата, коските и зглобовите.

Работа

Имате нагласена мотивација и енергија да се занимавате со исполнување на вашите планови. Пред вас е период во кој нема да бидете заинтересирани за компромис, па така можно е да дојде до конфликт со некој од колегите. Можно е вложување во некој дополнителен курс или друг вид на образование.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец ќе бидете понапнати кон саканата личност и лесно ќе избувнувате. Едно мало недоразбирање може да премине многу брзо во непријатна кавга која ќе трае подолго. Многу Јарци во текот на март ќе ги прекинат сите нестабилни врски и односи.

Ако сте слободни: За вас ќе бидат заинтересирани 2 личности. Овој месец може да ви донесе нова романса.

Здравје

Можни се повреди и голем замор.

Работа

Годината која е пред вас е клучна за вашиот успех. До 22 март ќе ги преминете сите препреки, потоа ќе попушти притисокот и ќе ви биде навистина лесно. 

Доаѓа време и да го подобрите својот став кон себеси, но и ставот кон работата. Изминатите месеци како да се соочувавте со пад на самодовербата и песимизам. Но, сега е време да се промени тоа.

Љубов

На ова поле,  доаѓа целосна трансформација на односите. Ќе сфатите што сакате покрај себе и ќе се борите за тоа. 

Здравје

Можен е стрес и силен психички замор во текот на целата година.