Девица

Девица (23. VIII – 22. IX)

Работа

Првите денови од оваа недела може да ви го одвлечат вниманието. Ќе се трошите до максимум, а ќе успеете да се поврзете и со некои личности и да остварите позитивна соработка. Убава недела е пред вас, само не дозволувајте да се преморите.

Љубов

За оние кои се во врска, под површината ве притиска нешто, но оваа недела ќе успеете да се поврзете со саканата личност на поинаков начин. Многу работи ве држат заедно и ја чуваат вашата љубов, а ова е недела кога ќе сфатите дека е така. 

За слободните Девици, можно е преку социјалните мрежи или пријателите да запознаете личност која ќе ве освои со својата убава енергија.

Здравје

Одмарајте кога можете.

Работа

Во текот на јуни ќе имате огромен елан и сила, па ќе успеете да завршите многу. Бидете практични, поедноставете ги работите и не правете долгорочни планови, одете чекор по чекор. Ова е време на многу промени, не ви се потребни и големи планови.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи владее стагнација, ќе се занимавате со многу други работи, но не и љубовта. Морате да се соочите со тоа дека потребите на саканата личност се поинакви од вашите, бидејќи сте раздразливи и нетолерантни еден кон друг. Пробајте да ја забележите поддршката и работите ќе бидат подобри.

Ако сте слободни: Sвездите ве советуваат да се одалечите од сите неадекватни личности, па дури и од пријателите кои прават да се чувствувате лошо. Романсите можат да почекаат подобро време. 

Здравје

Нервозни сте и под стрес, бидете внимателни со кого го поминувате своето време.

Работа

Оваа година ќе биде посветена на нешто што сакате да го правите. Трудот кој го вложувавте досега ќе се исплати, а веќе на крајот на мај ве очекува унапредување или соодветна награда. Сепак, тоа носи и поголеми одговорности, но и заработувачка.

На полето на финансиите, ќе треба малку да заштедите и да не се расфрлате толку многу.

Љубов

На ова поле, ова е многу важна година за вас. Конечно се враќа оптимизмот и веќе имате и поголема самодоверба. 

Ако сте во врска, повремено ќе се соочувате со недоумици и мали недоразбирања со саканата личност, но време е да бидете рационални и да утврдите колку од тоа е издржано, а што не е. Ве очекуваат убави денови со саканата личност, а ако сакате проширување на семејството, тоа и ќе се оствари.

Ако сте слободни, вашите критериуми ќе бидат повисоки па така ќе бидете и попребирливи во љубовта. 

Здравје

Витални сте, зголемете ја само физичката активност.