Девица

Девица (23. VIII – 22. IX)

Која е твојата вистина, Девица? Спојувањето Меркур-Хирон во понеделник ви помага да споделите интимна вистина со некој кој треба да ги знае вашите желби. Сезоната на Бик започнува во петок со обид  да внесе некоја авантура и едукација во вашиот живот. Оваа сабота, под спојот Јупитер-Уран, следете ги вашите љубопитности и одете на нови места.

Работа

Решени сте да успеете во она што го имате започнато, најверојатно со помош на некја личност со која сте емотивно врзани. Изгледа како тие да можат подобро да ги проценат вашите способности отколку вие самите. Ве очекува повик од Вага или Шкорпија за заеднички проект кој сакате да го започнете. Можна е и понуда од една Водолија, но вие сте сомничави. Можна е и вонредна добро платена работа. Ќе ве израдуваат и добри вести од странство. 

Љубов

Девиците оваа недела се соочуваат со некои свои дилеми, па така тоа ќе влијае и на љубовниот однос. Можно е да размислувате за некоја личност од минатото или пак стари проблеми. Пробајте да го поминете своето слободно време, квалитетно со саканата личност, за да не размислувате премногу за неважни работи.

Слободните Девици се однесуваат срамежливо. Дарежливи сте, но и попустливи, бидејќи така мислите дека ќе дојдете до душевен мир. Послушајте го советот од Јарец или Вага.

Здравје  

Одморете се добро.

Можна е мала збунетост во текот на април. 

Работа

Дали очекувавте да бидете сигурни во вашите избори и насоката што треба да ја преземете? Планетите на вашето небо сугерираат дека наместо тоа, збунетоста ќе доминира во поголем дел од април. 

Додека Уран ќе ве охрабри да се движите напред и да предизвика некои од вашите сигурност, Сатурн ќе ве советува да останете со безбедноста на она што веќе го знаете. Во оваа борба за влијание, засега е тешко да се знае која планета ќе излезе како победник.

Тешкотиите што ги доживувате при донесувањето одлуки, се разбира, ќе имаат тенденција да го поткопаат вашиот морал, но издржете овој месец. Ова нема да трае премногу долго. 

25 април го означува крајот на ретроградниот Меркур, отворајќи го патот за појасна комуникација и намалени недоразбирања со вашите соработници. Овој транзит отвора можности и за нови проекти. 

Љубов

Во четврток, 4 април, слатката Венера влегува во Овен и блеска со космички сјај на вашите врски. овој транзит на Венера ви дава многу љубов и внимание. Ако се чувствувате како да одите по работ, обидете се да паузирате и да се опуштите пред да испратите смс порака, бидејќи не сакате да ги нарушите добрите вибрации со параноја со ретроградната енергија на Меркур кој почнува на 1 април.

Но, првите 2 недели од април веројатно ќе бидат предизвикувачки за Девиците, кои може да ги мачат сомнеж и незадоволство. Присуството на Месечината на вашето астрално небо ќе ја влоши вашата чувствителност и ќе ве натера да сакате да го испитате вашиот внатрешен свет.

Во овој контекст, многу е веројатно дека ќе се најдете лице в лице со некои болни спомени, за кои се трудевте да ги закопате. Иако ова искуство можеби ќе биде вознемирувачко на почетокот, може да ви помогне да повлечете линија на одредени настани од вашето минато и да ви овозможи да ѝ пристапите на иднината на попозитивен начин.

Само очекувајте да бидете длабоко во вашите чувства до моментот кога затемнувањето на Сонцето и младата Месечина на 8 април, бидејќи ова е време да ги преиспитате вашите лични граници. 

Со задоволување на вашите вистински потреби, овој период на испрашување ќе се покаже како длабоко корисен. За да си дадете шанса да продолжите напред, треба да ви биде јасно што точно сакате.

И покрај сомнежите кои ќе ги почувствувате на почетокот на април, присуството и поддршката на вашите најблиски ќе ви помогнат без големи тешкотии да ги пребродите. Како што е случајот со многу Девици, вашата благосостојба зависи пред се од квалитетот на врските што ги остварувате со луѓето за кои се грижите. Можна е романса со Риби или Шкорпија.

Во недела, 21 април, Џуно, „астероидот на посветеноста“, оди директно во вашиот знак, зголемувајќи ја длабочината на вашите врски, романтични и платонски. Како што се зголемуваат вашите партнерства, погрижете се да го негувате таквиот раст со изразување на вашата љубов и благодарност за луѓето кои ви значат. 

Со почетокот на сезоната на Биковите на 21 април, неочекуваните перспективи и искуства би можеле да го променат вашиот поглед на светот на моќни и изненадувачки начини, затоа имајте отворен ум за нови идеи и случајни ситуации. Во овој период ќе бидете повеќе од среќни што ќе се осигурате дека овие врски се во добра форма. Советите што ќе ви ги дадат вашите пријатели и семејството ќе бидат единствена можност да ја видите вашата ситуација во поинакво светло. Овие нови перспективи ќе ви дадат надеж.

Полната месечина неколку дена подоцна ви носи можност да го кажете своето мислење и да ги споделите вашите емотивни размислувања со луѓето околу вас - и ќе биде уште полесно да се изразите штом Меркур ќе се насочи директно на 25 април.

Најдобар ден за љубов е 17 април. Ако сте во врска, време е за простување. Ако сте слободни, овој ден ќе ве поттикне да бидете искрени кон другите. Ова ќе биде многу корисно за вашата иднина, за да не западнете во некои начини на однесување кои ве повредувале во минатото. 

Здравје 

Потрудете се да ја победите нервозата на здрав начин.

Ова е година за љубов!

Оваа година почнува со максимална брзина, па затоа важно е уште од почетокот да ги врзете појасите. Sвездите имаат позитивно влијание на вашиот живот,а особено на полето на љубовта. Лесно успевате да најдете спокој и рамнотежа. За оние кои се слободни, пред летото би можеле да ја сретнете љубовта на својот живот. Оние кои се во врска во текот на зимата ќе зборуваат за заеднички живот и брак со саканата личност.

Ве очекува и богат социјален живот кој ќе ви донесе нова енергија. Ќе имате корисни и позитивни ситуации кои ќе ве извадат од вашата сигурна зона и ќе ве поттикнат малку да ја запоставите работата и повеќе да се забавувате од вообичаено. Но, важно е да научите да споделувате како се чувствувате. Ова е важно за саканата личност, но и генерално, во вашите пријателства.

Можен е некаков спор поврзан со имот, од кој би можеле да излезете со загуба. Бидете внимателни како ќе се поставите и не верувајте секому. На полето на работата, притисокот се зголемува, па затоа некои Девици ќе се потрудат да најдат нова работа. Најдобар период за тоа е есента. За оние прашања кои не ги разбирате најдобро, најубаво би било да им се обратите на експертите или пак на вашите пријатели кои некои работи подобро ги разбираат од вас. 

Работа

Оваа година вашиот финансиски живот ќе биде подобар од претходната година и тоа ќе почнете да го забележувате уште од почетокот на годината. Можно е покачување на платата уште во првите месеци од годината. Во овој период постои можност и за финансиска добивка која веројатно ќе биде неочекувана за вас. 

Ако имате сопствен бизнис, вториот дел од годината е одличен за вас. Тоа е период кога профитот ќе расте и ќе се чувствувате сигурно и задоволно од работата. Голем успех ги очекува оние Девици кои се занимаваат со новинарство, медиуми и маркетинг. 

Оваа година ќе успеете да постигнете импресивни резултати, но само ако добро се потрудите. Вашиот напор ќе биде забележан како никогаш досега. Но, ќе морате да се фокусирате само на својата работа, а истовремено и да ги одржувате добрите односи со колегите. Без тоа, успехот е невозможен. 

Љубов

Оваа година ќе биде одлична за вашиот љубовен живот. Почетокот на годината не носи ништо посебно на ова поле, но потоа работите се менуваат. Периодот од јануари до март би можел да донесе големи промени за оние Девици кои не се задоволни на ова поле. 

Ако сте во брак, целата година ќе се потпира на разбирање и доверба, но важно е да покажете разбирање за интересите на саканата личност. Ако сте слободни, не брзајте да влезете во врска, додека не ја запознаете таа личност подобро. Дајте им време на работите да се развиваат по својот тек.

Здравје  

Оваа година носи и добри и лоши периоди на ова поле. Ништо пресериозно, но важно е да ја одржите позитивната енергија и да продолжите да се грижите за своето здравје. Ова е година во која веројатно највеќе ќе бидете погодувани од временските промени. 

Пробајте да се придржувате до здравата рутина и да ги намалите цигарите и алкохолот. Оваа година би можела да ви донесе и стрес и напнатост поради различни ситуации кои веројатно нема да можете да ги контролирате, па затоа најдете начин за да управувате со стресот.

Хороскоп по месеци

Јануари – енергијата е добра за вас во текот на јануари. Важно е да истраете кога тоа е потребно. Ја имате самодовербата која ви е потребна. Сепак, овој месец важно е и да оставите некои работи да се нормализираат по својот природен пат. Важно е да верувате во себе повеќе од вообичаено, тоа ќе ви го донесе успехот на кој се надевате.

Февруари – Ова е месец кој ви носи напредок. Имате ентузијазам, а тоа ве води напред кон победи. Ако досега се сомневавте во себе, сега станувате посигурни во себе. Фаворизирани сте во тимот на работа и тоа ви годи. Во љубовта, се зближувате со оние кои ве ценат. Меѓутоа, некои долги врски имаат тенденција да станат здодевни. Затоа, бидете внимателни. 

Март – Нешто предизвикува сомнеж во вас, па се чувствувате како да правите чекор напред, а два назад. Меѓутоа, ако се заложите, лесно можете да дојдете до напредокот кој го посакувате иако можеби не ви изгледа така. Бидете љубезни во својата строгост кон саканата личност. Не создавајте конфликти ако нема потреба за тоа. Ако сте слободни, верувајте во судбината и препуштете се на искуствата кои доаѓаат.

Април – Ова е месец кога се трудите да бидете перфекционисти по секоја цена. Но, бидете внимателни  и бидете добри, како кон другите, така и кон себе. Некој околу вас ве поттикнува да штедите. Немојте лошо да реагирате ако некој околу вас се труди да ве испровоцира.

Мај – Енергиите ве поттикнуваат да ги надминете сомнежите и да успеете во она што го имате замислено. Важно е само храбро да чекорите напред. Ако некому му е потребна мала помош од вас, бидете тука за таа личност. Некои задачи ќе ви бидат непознати, но брзо ќе научите како да се справите со нив. Овој месец ве очекуваат добри вести на работното место. Но, не заборавајте на љубовта.

Јуни – Овој месец, работите малку се комплицираат. Можете да ги ублажите нивните ефекти за да ги надминете границите кои некогаш свесно или несвесно си ги наметнувате себеси. Не заборавајте на поддршката од пријателите. Тие се тука кога ви е најтешко. Слободните Девици би можеле да започнат една посебна личност.

Јули – Време е да надминете одредени ситуации кои ви создаваат стрес. Тие ви помагаат да се справите со сите предизвици. Зафатените Девици уживат во љубовта, а оние кои се слободни и во потрага по љубов, се чувствуваат како среќата да има краток рок. 

Август – Имате чувство дека ништо не оди според планираното, па тоа ве мачи. Но, не сте секогаш во право. Овој месец ќе успеете да покажете независност и да се справите со енергијата на другите луѓе кои се трудат да одлучуваат наместо вас. Верувајте си себеси највеќе во овој период. Можно е да се враќаат некои стари сеќавања, се чувствувате како минатото да ве прогонува.

Септември – ако претходно бевте соочени со недоразбирања и тензија, сега работите се смируваат. Ја наоѓате мотивацијата која можеби ја имавте изгубено. Држете се до своите желби. Тоа ќе ве турка напред кон успехот. Не се изолирајте од другите луѓе, тоа не е добро за вашето ментално здравје.

Октомври – Вашите односи со другите луѓе се подобруваат. Односите стануваат искрени и конструктивни. Меѓутоа, некои личности и натаму ќе ве нервираат. Најдобро е да не размислувате многу за нив, ако успеете во тоа. Кога ќе се соочите со предизвици во текот на овој месец, пуштете ги работите да се одвиваат по својот тек. Ако сте во врска, ќе се чувствувате среќно, а ако сте слободни, треба да си дадете повеќе време за да ја најдете личноста која ја посакувате за себе.

Ноември –Имате чувство дека никој не ве разбира. Тешко ви е да не навлегувате во конфликти со другите околу вас, но најдобро би било да одморите малку и да се вратите со избистрена глава на работното место. Поминете повеќе време со своите сакани. Научете како повеќе да им верувате на другите.

Декември – Веројатно мислите дека вашата позиција е загрозена, но треба добро да го испитате тоа, пред да донесете конечен суд. Искористете ги овој месец сите можности кои ви се нудат. Врската цвета, а среќа ги следи и слободните претставници, но вие се чувствувате како нешто да ви недостасува.