Девица

Девица (23. VIII – 22. IX)

Работа

Можни се компликации и застој во договорите и преговорите. Еден контакт со личност од вашето работно окружување ќе се покаже како многу корисен.

Љубов

За некои работи одамна не зборувате со саканата личност, но доаѓа време да ја отворите и таа тема. Исто така, важно е со заеднички сили да ги реализирате целите кои и на двајцата ви се важни.

За слободните Девици, имате многу шанси за љубов оваа недела. Искористете ги.

Здравје

Можни се повреди, бидете внимателни.

Работа

Март конечно носи стабилизација на ова поле, но и конечно соодветно канализирање на енергијата за разлика од претходните 2 месеци. Бидете внимателни околу рутинските работи, таму највеќе можете да згрешите, особено кога е ретрограден Меркур, до 10 март. Проверувајте по неколку пати. Можна е и финансиска загуба.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец носи стабилизација и на љубовното поле. Конечно ќе се смират лошите страсти и ќе можете да се посветите на саканата личност, онака како што вие сакате.

Ако сте слободни: Почетокот на месецот ви носи интензивно размислување за некоја личност од минатото, па можен е и контакт со неа.

Здравје

Несоница и нервоза во текот на целиот месец.

Работа

Оваа година ќе биде посветена на нешто што сакате да го правите. Трудот кој го вложувавте досега ќе се исплати, а веќе на крајот на мај ве очекува унапредување или соодветна награда. Сепак, тоа носи и поголеми одговорности, но и заработувачка.

На полето на финансиите, ќе треба малку да заштедите и да не се расфрлате толку многу.

Љубов

На ова поле, ова е многу важна година за вас. Конечно се враќа оптимизмот и веќе имате и поголема самодоверба. 

Ако сте во врска, повремено ќе се соочувате со недоумици и мали недоразбирања со саканата личност, но време е да бидете рационални и да утврдите колку од тоа е издржано, а што не е. Ве очекуваат убави денови со саканата личност, а ако сакате проширување на семејството, тоа и ќе се оствари.

Ако сте слободни, вашите критериуми ќе бидат повисоки па така ќе бидете и попребирливи во љубовта. 

Здравје

Витални сте, зголемете ја само физичката активност.