Девица

Девица (23. VIII – 22. IX)

Работа

Денеска немате сила да се посветите на работата.

Љубов

Задоволни сте и не би менувале ништо на ова поле.

Здравје

Проблеми со крвната слика. 

Работа

Ве исцрпува напорната работа, потребен ви е одмор или патување. 

Љубов

Партнерот го мачат проблеми, а тоа влијае и на вас. Затоа одморот е најдобра одлука.

Здравје

Здравјето е добро.

Работа

Почетокот на месецот носи проблеми од страна на некоја личност која ќе сака да оствари успех на ваша штета. Исто така, бидете внимателни во односите со надредените бидејќи можно е долго да паметат некои работи кои сте ги направиле или кажале. Успех ги очекува оние кои се занимаваат со медицина, хуманитарни активности и генерално помагање на другите. Со некои соработници ќе дојдат до прекин на соработката, но тоа нема да биде поради ваша вина. 

Љубов

Ако сте во врска: Потрудете се да ги исполните ветувањата кои ги имате дадено кон саканата личност, а кои ги одолговлекувате веќе некое време. Ќе ви годат интимни моменти со саканата личност, без многу излегувања и гужви. 

Ако сте слободни: Ќе запознаете личност која ќе биде заинтересирана за вас и која директно ќе ви покаже дека сака да се гледа со вас. За кратко време ќе се заљубите, но од нивна страна ќе биде предложено тоа да биде тајна. Но, внимавајте - можно е да не се работи за многу искрена личност. Бидете внимателни. 

Здравје

Здравјето ќе ви биде чувствително и променливо. Можни се и варирања во крвниот притисок. Потребен ви е витамин Б, вода и различни минерали. 

Во 2019 важно е да престанете да ги брзате работите. Годишниот хороскоп покажува дека овој вид на невнимание може да доведе до сериозни проблеми во кариерата и финансиите. Наместо тоа, време е да проверите дали сте направиле се како што треба. Проверувајте ги документите и тоа 2 пати. Не брзајте во ништо, бидејќи можете да западнете во проблеми.

Хороскопот за 2019 покажува дека вашата кариера ќе доживее голем напредок од почетокот на март, но бидете трпеливи. Годината носи многу награди за Девиците – затоа вежбајте доверба и следете ги правилата.

Почетокот на годината носи раздор во емоционалните односи. Ќе ви биде потребно повеќе време за да ги решите проблемите. Не очекувајте работите сами да се решат од себе, туку посветено решавајте ги самите. Ова е идеална година за да се посветите на односите со другите луѓе и да ги унапредите.

Во однос на здравјето, немате причина за грижи. Здравјето ќе биде добро. Останете во форма, јадете здрава храна и поработете на тоа. Ако тоа ви здосади, пробајте нова физичка активност.

Jordan ULTRA.FLY