Близнаци

Близнаци (21. V – 20. VI)

Работа

Оваа недела, можна е несигурност и збунетост на ова поле. Но, таков ќе биде особено почетокот на неделата, а потоа работите ќе се стабилизираат полека. Пред вас е недела во која ќе обновите некоја соработка.

Љубов

Комуникацијата со саканата личност ќе биде понекогаш чудна без потреба, но ве очекува генерално стабилна недела ако сте во врска.

Слободните Близнаци се враќаат кон личност од минатото, оваа недела.

Здравје

Солиден период. Можни се мали проблеми со варењето.

Работа

Овој месец треба да сте внимателни на сите полиња, а посебно на полето на работата и финансиите. Имате впечаток дека ништо не може да тргне напред и тоа ви создава фрустрација, но треба да ги прифатите работите такви какви што се, барем засега. Ако некој ви должи пари, можен е контакт со таа личност, но не очекувајте да ви биде вратена целата сума.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец доаѓаат силни страсти меѓу вас и саканата личност, но ако планирате некое патување, сега е време да го реализирате. 

Ако сте слободни: До 10 март ќе размислувате за некоја личност од минатото, а можен е и контакт со таа личност. Од тоа може да произлезе и некаква тајна врска.

Здравје

Постојано чувство на замор.

Работа

Годината во која навлегувате ви носи многу проблеми и предизвици, особено поради тоа што ќе се борите да го зачувате својот статус и позиција на работа. До крајот на март ќе бидете растргнати меѓу вашите желби и можности, така што прилично многу ќе се изморите. 

На некој начин, иако тешка, оваа година ќе ви донесе многу лекции. Многу Близнаци ќе свртат нов лист на ова поле. За почеток, ќе се информираат за новите вештини кои можат да ги научат, а потоа и каде можат да го применат тоа. Нашата препорака е да не се занимавате со детали, туку повеќе со големата слика.

Љубов

Ако сте зафатени, навлегувате во мирна година која ќе ви годи. Претходната година ви донесе голем стрес на ова поле, па ова ќе ви дојде супер.

За слободните Близнаци, доаѓаат многу додворувачи оваа година, но среќата на ова поле ќе зависи исклучиво од вашиот избор.

Здравје

Можни се тегоби со органите за репродукција.