Близнаци

Близнаци (21. V – 20. VI)

Работа

Ова е недела во која ќе има од се по нешто - лоши односи со колегите, многу работа, па малку одмор. Но, многу важно е дека оваа недела, секоја ситуација ќе ја свртите во своја корист.

Љубов

Партнерот ќе биде добро расположен па ќе инсистира на зачестена комуникација и многу дружења. Слободните Близнаци уживаат во една убава комуникација на социјалните мрежи.

Здравје

Осцилации во расположението, а можни се и настинки и пад на имунитетот.

Работа

Подгответе се, кога ќе почне јануари ќе се најдете на мета на работното место. Луѓето ќе го бараат тоа што го сакаат од вас и нема да имаат пардон за тоа. Во оваа ситуција, многу важен е вашиот пристап. Останете силни, главата горе. Потрудете се на надредените да им покажете колку придонесувате за работата. 

Љубов

Ако сте во врска: Успорете малку. Најдете време за саканата личност, но и за оние околу вас. Јануари е месец на празниците, искористете го времето да ширите љубов околу себе.

Ако сте слободни: Како што стојат работите, вие и во јануари ќе си останете истата неодлучна личност. Шанси ќе има, но бидете внимателни, можат брзо да ви избегаат, ако постојано се премислувате. 

Здравје

Не го одложувајте одењето на лекар.

Работа

Годината во која навлегувате ви носи многу проблеми и предизвици, особено поради тоа што ќе се борите да го зачувате својот статус и позиција на работа. До крајот на март ќе бидете растргнати меѓу вашите желби и можности, така што прилично многу ќе се изморите. 

На некој начин, иако тешка, оваа година ќе ви донесе многу лекции. Многу Близнаци ќе свртат нов лист на ова поле. За почеток, ќе се информираат за новите вештини кои можат да ги научат, а потоа и каде можат да го применат тоа. Нашата препорака е да не се занимавате со детали, туку повеќе со големата слика.

Љубов

Ако сте зафатени, навлегувате во мирна година која ќе ви годи. Претходната година ви донесе голем стрес на ова поле, па ова ќе ви дојде супер.

За слободните Близнаци, доаѓаат многу додворувачи оваа година, но среќата на ова поле ќе зависи исклучиво од вашиот избор.

Здравје

Можни се тегоби со органите за репродукција.