Хороскоп за полна Месечина во Лав: Шкорпиите ги очекува голем успех, убави љубовни мигови доаѓаат за Овните

Лавот е театрален, драматичен и емотивен. Такви ќе бидат и промените кои ги носи полната Месечина во Лав. Многу личности ќе имаат потреба другите да им се восхитуваат и да ги фалат. Ако забележите дека сте запоставени, среќа ќе побарате на друго место. Некои личности можат да дојдат на позиција, а други би можеле да ја изгубат.

Добро преиспитајте ги своите врски или бракови, особено ако подолго време сте незадоволни. Искажете го своето незадоволство отворено и потрудете се да разговарате. 

Полната Месечина од многумина ќе бара да погледнат во себе и да поработат на внатрешните пориви. Некои личности ќе го сменат начинот на којшто живеат, како се хранат или спортуваат. Треба да се сменат некои работи во животот, но сепак донесувајте ги одлуките смирено, а не непромислено.

Овен

Драги Овни, кај вас оваа Месечина доаѓа во вашето петто поле на љубовта, децата, креативноста и задоволството. Се препорачува да пробате да ја балансирате енергијата кога станува збор за љубовта, односно давањето и земањето. Ако сте родител, би било добро да минете време со своите деца, да бидете креативни со нив. Кога е љубовта во прашање, без оглед на тоа дали сте во врска или не, доаѓа време за убави љубовни моменти, па затоа не ги кријте своите емоции.

Бик

За Биковите, оваа полна Месечина доаѓа во четвртата куќа врзана за семејството, корените, домот и минатото. Сега се нагласени вашиот приватен живот и кариера. Ако ви е важно да напредувате во кариерата, тогаш е потребно да ја усогласите енергијата со приватниот живот и кариера. На многу Бикови ќе им бидат потребни интимни односи за да можат ментално да функционираат и да ги остварат своите планови.

Близнаци

За Близнаците, полната Месечина е во нивната трета куќа која е задолжена за комуникација, браќа, сестри, сообраќај, пораки и пошта. Сега може да се случи да сфатите дека сте заборавиле да направите нешто што се очекувало од вас. Некои Близнаци можеби ќе склучат договори поврзани со работата, или пак нешто со личноста која ја сакаат. Можно е некој да ве обвини за нешто, па затоа бидете внимателни.

Рак

Кај вас, полната Месечина се случува во вашата втора куќа врзана за финансиите. Многу Ракови се свртени кон тоа поле во овие денови. Целите ви се поврзани со работното место, па така сигурно доаѓате до успех. 

За други Ракови, важна е љубовта. Ако сте решиле нешто да промените, добро би било да го промените начинот на исхрана и да вклучите физичка активност.

Лав

За Лавовите, тоа се случува во првото поле на вашата личност и физички изглед па ако на тоа поле не сте задоволни, секако дека нешто треба да смените. Многу важно е да се насочите кон себеси и прво вие да сте среќни, а потоа да ги усреќувате другите.

Девица

Кај вас, полната Месечина доаѓа во дванаесеттата куќа која е врзана со умот, самотијата и мирот. Емоционално добро се сложувате со партнерот, но ќе ви биде потребно време за себеси.

Вага

Кај Вагите, полната Месечина се случува во единаесеттата куќа која е поврзана со надежите, очекувањата, пријателите и групите. Многу Ваги ќе имаат поддршка од партнерите, родителите и пријателите. Важна ви е поддршката од партнерот.

Шкорпија

Полната Месечина доаѓа во десеттото поле на кариерата, еден од родителите и успесите. Доаѓа време кога ви стануваат многу важни кариерата и успехот. Покажете што умеете и што можете на еден суптилен начин. Важно е да сте внимателни кога станува збор за другите луѓе. Кога станува збор за финансиите, важно е да вложите труд за да успеете. Големи се шансите да ги остварите своите цели.

Стрелец

За Стрелците, полната Месечина доаѓа во деветтата куќа поврзана со странство, учење и новите филозофии. Сигурно е дека ќе бидете оптимистични и полетни. Чувствувате силна љубовна енергија и ја покажувате кон оние кои ви значат. Имате во себе огромна волја и сила.

Јарец

Полната месечина за Јарците доаѓа во осмата куќа задолжена за финансии, интима, трансформација и духовност. Многу Јарци ќе се занимаваат со теми поврзани со имот. Сега не е време за нови проекти и нешто ново. Не се препорачуваат ни операции, а посебно нешто поврзано со кардиоваскуларниот систем.

Водолија

Драги Водолии, за вас полната Месечина доаѓа во седмото поле што е симбол на партнерските односи, како во љубовта така и на работа. Сега е важно да му обрнете внимание на партнерот. Важен е баланс во партнерските односи. Некои Водолии можеби ќе запознаат нов партнер преку работа.

Риби

За Рибите, оваа полна Месечина е врзана со шестото поле врзано со секојдневието, работата и здравјето. Некои Риби би можеле да го зајакнат своето ментално здравје. Ако очекувате напредок на работа, тоа ќе дојде, но потрудете се да се покажете.