Хороскоп: Што носат последните месеци од 2017 за вашиот знак?

Остануваат уште повеќе од 100 денови пред да ја завршиме 2017та година. Што носат последните месеци за вашиот знак?

Овен

Дел од вашето срце сака да се откаже од личноста која ја сакате, но голем дел од вас не сака да го направите тоа. Свесни сте дека постојано се вртите во круг и си се лутите себеси поради тоа. Вашето срце сака едно нешто, а вашиот разум ви кажува да направите нешто сосема друго. Оставете работите да се случуваат сами од себе. Не се приморувајте на ништо, направете ги работите кога сте подготвени.

Сепак, потсетете се себеси дека го заслужувате најдоброто и не дозволувајте да добивате помалку од тоа што го заслужувате.

Бик

Во последно време се чувствувате изгубено. Не знаете дали патот по кој одите е вистинскиот. Во ред е да бидете збунети и несигурни. Следете ја таквата несигурност. Таа ќе ве носи полека по патот, каде ќе ви се разјаснат многу работи до крајот на годината. Но, не дозволувајте стравот од неуспех да направи да се плашите. Понекогаш, најтешкиот пат е оној кој носи најдобри работи и не носи онаму кадешто треба да бидеме. Можеби следните четири месеци од вашиот живот нема да бидат најдобрите, но тоа што ќе го добиете е најубавата награда за следната година.

Близнаци

Вашиот живот како да се  промени целосно во 2017 година, и тоа на подобро. Многу промени – промени во врската, кариерата. Животни промени кои сами ги направивте, но и кои дојдоа како резултат на вашите напори од претходните ходини. Сите овие промени се страшни, но морате да признаете дека уживате.

Последните 4 месеци ќе ви помогнат да се пронајдете себеси, односно да добиете повеќе самодоверба за следната година. Нови идеи, нови луѓе. Многу убави работи.

Рак

Како би ја опишале 2017 година со еден збор? Нема да можете, бидејќи за голем дел од вас беше една од најлошите години досега. Но, ќе биде подобро.

Тоа што не беше толку убава, не значи дека нема да почнуваат да се менуваат работите. Есента и зимата носат убави работи, кои ќе ви помогнат да создадете убави спомени. Само издржете.

Лав

Вие сте првите кои ќе избегаат од врска од секаков вид. Мразите врски и секаков вид на врзување. 2017 ви донесе многу такви моменти, кога моравте многу да се потрудите да им покажете на другите дека не сакате ништо сериозно, но понекогаш и се замислувавте како би ви било да сте во врска.

Досегашните месеци не ви беа многу среќни и успешни, највеќе поради тоа што немавте енергија. Но, есента и зимата ви ја носат енергијата назад. Полни со убаво расположение, дури и кога нема да бидете во најдобро друштво ќе се смеете на сопствените шеги. Освен тоа,  овие месеци ви носат и љубов која ќе сакате да ја задржите.

Девица

Во текот на 2017 година направите огромен чекор напред во вашата кариера и колку и да беше страшна таквата промена, ја издржавте. Последните 4 месеци ви носат исто така убави работи, но потребно е да научите да бидете горди на себеси и никогаш да не се откажувате од тоа што го сакате.

Кога станува збор за љубовта, се заљубивте во личност која не ви ја возврати љубовта и иако жртвувавте многу за оваа личност, сепак сте подготвени да ја заборавите. На прагот на новата година, веќе нема ни да се сеќавате на тоа.

Вага

Во текот на оваа година, постојано ве повредуваа. Ќе ви треба малку повеќе време за да го заборавите тоа. Последните месеци од 2017 година ќе бидат тешки за вас, но неопходно е да стиснете заби и да ги надминете. Работите се тешки, но штом ќе ги надминете, ве очекуваат убави работи.

Не бирајте партнери за една ноќ, тие нема да ви ги решат проблемите. Наместо тоа, чекор по чекор борете се за да ја надминете оваа сложена ситуација.

Скорпија

Вие сте личност која е секогаш мудра за сите нешта кои и се случуваат во животот. Тоа е така бидејќи Шкорпиите едноставно поинаку ги гледаат работите. Вие секогаш бевте како волк самотник, фокусирајте се на своите цели и  играјќи на својата сопствена музика.

Но, еден ден во следните месеци ќе запознаете личност која е многу слична на вас. Тоа е личност која ви е потребна во животот. Тие ќе ве научат да преземате ризици и повеќе да уживате во животот. Чувајте ги до себе.

Стрелец

Вие постојано замислувате на вашата поранешна љубов. Се надевате дека ќе се вратат, но можеби треба да се прашате дали ви е потребно тоа. Можеби никогаш не сте престанале да ги сакате и не сте зборувале долго со нив, но не престанувате да мислите на нив и се надевате и дека тие мислат на вас. Но, вистината е таа дека не заслужувате личност која ве оставила и ве повредила. Заслужувате некој кој ќе биде свесен дека сте најдобрата личност на светот и кој нема да си отиде така лесно од вашиот живот.

Можеби таа личност нема да се појави до крајот на годината, но не губете надеж. Само обидете се да се одалечите од минатото кое ве прогонува.

Јарец

Бевте среќни да најдете љубов во вашиот живот во текот на оваа година. Некој кој делува грубо и дистанцирано, но кој ве сака со сето срце. Но, како двојка ќе се соочите со пречки. Дали  љубовта ќе продолжи понатаму или ќе сфатите дека не сакате да преминете на следниот чекор.

Треба да се прашате себеси што сакате. Дали сакате да го поминете животот со оваа личност.

Водолија

Во последните месеци што ги носи годината, вашето минато ќе се врати да ве прогонува. Без оглед на тоа дали се ваши бивши или нешта кои сте ги направиле, многу ќе размислувате за тоа. Иако се чувствувате како да сте пораснале и да сте станале позрели, сепак постојано ќе размислувате на грешките кои сте ги направиле.

Не дозволувајте туѓите мислења да ви влијаат како се чувствувате. Потрудете се да го направите најдоброто нешто и не им дозволувајте да ви го споменуваат минатото без потреба.

Риби

Конечно ќе се ослободите од работите кои ве мачат и ќе ја најдете љубовта. Тоа нема да биде личност која само ќе сака да ве води и да ве тера да се сомневате во себеси, туку личност која вистински ве сака и верува во вас.

Но, внимавајте на луѓето околу вас. Дел од нив нема да уживаат во вашата среќа и затоа следните 4 месеци ви носат и филтрирање на „пријателите“.