Хороскоп: Што ни носи оваа пролет?

Планетите почнуваат да се движат во најубавото годишно дома,  а ова е прогнозата за тоа што ни го носи оваа пролет, 2017-та.

Оваа пролет ќе биде прва во последните години без помрачување. Така,  некои клучни промени се случуваат на крајот на зимата. Тоа значи дека текот на пролетта ќе ги донесе нештата кои долго беа најавувани, или ги претчувствувате.

Четвртиот месец ќе донесе добри прилики за нови потфати, а стабилниот Сатурн во Стрелец ќе донесе низа свежи идеи кои имаат да донесат потенцијални промени. Опозициониот Јупитер во Вага ќе донесе повремени фази на хедонизам, лесномислесност и нервоза. Затоа е важно и да се биде буден и да не се пропуштат сјајни прилики.

Многумина ќе се обидуваат да балансираат меѓу препуштањето на некои нешта да се случат сами од себе или пак од настојување и вложување напори кои можат да донесат одлични резултати. Важно е да се одолее на искушението на летаргиија и да се навлезе во конкретно делување.

Планетите ќе носат многу можности, но и многи искушенија кои нема да бидат многу страшни, но ќе биде важно да ги воочите брзо. Излезот  можете да го најдете во фокусирањето на нештата кои ги сакате и вложување труд само во оние области кои ви се важни.

За родените во знакот Овен, планетите ќе го придвижат љубовниот живот, што на дневен ред ќе ги донесе емотивните теми или пак ќе предизвика навраќање на минатото, односно обид за создавање ред во личните односи.

За многу знаци, пролетта ќе биде интересна бидејќи ќе донесе неочекувани романси и авантури, но и легендарни љубови.

За припадниците на знаците Бик, Близнаци и Рак можни се повеќе активности и можности за успех, во кои тие ќе мора да се ангажираат. За Близнаците можно е да се одлучат на се или ништо. Но, важно е да не ги форсирате работите, доколку не чувствувате дека се однесуваат природно.

Петтиот месец ќе биде еден од најдинамичните во текот на пролетта, што ќе создаде основа за поцвтста иднина.

Крајот на април се насочува кон областите поврзани со младите, спортот, родителството, децата, сценските и естрадни уметности, хуманитарните делувања, пријателства и сл. Фокусот ќе биде на овие теми во тој период, а ги очекува особен успех оние личности кои се занимаваат со овие теми.

Шестиот месец и почетокот на летото носи нови можности за запознавање и отворени прилики, кои ќе ја зголемат мотивацијата за живот и работа.